Извршниот директор на ,,BioNTech”, Угур Сахин и неговата сопруга, Озлем Туречи, која е член на управниот одбор, ги посветија своите животи во борбата за имунитетот против ракот.
Сахин потекнува од скромно семејство на турски мигранти и работници во фабрика, а денес е меѓу 100-те најбогати Германци.
Пазарната вредност на компанијата се искачи на 21 милијарда долари
Пазарната вредност на ,,BioNTech”, компанијата која ќе има голема улога во масовната имунизација од коронавируси, се искачи на 21 милијарда долари, според Насдак. Пред една година, вредноста беше – 4,6 милијарди.
„И покрај сите успеси, тој никогаш не се смени, тој е секогаш неверојатно скромен и допадлив“, рече Матијас Кромајер, член на управниот одбор на ,,МИГ АГ”, чии средства го поддржуваа ,,BioNTech” од нејзиното основање во 2008 година.
Тој додаде дека Сахин обично доаѓа на состаноци облечен во фармерки и со себе секогаш носи шлем за велосипед и ранец. Сахин го остварил својот сон од детството кога стана лекар. Работел во неколку болници. Медицинските истражувања и онкологијата станаа заедничка страст на брачниот пар.
Туречи, ќерка на турски лекар кој мигрирал во Германија, во едно интервју изјави дека дури и на денот на нивната венчавка, тие нашле време да работат во лабораторијата.
Заедно работат на имунолошкиот систем како потенцијален сојузник во борбата против ракот и се обидоа да најдат уникатен генетски состав за секој тумор.
Сè започна во 2001 година кога тие ја основаа „Ганимед Фармацевтикалс“ за да развијат антитела кои се борат против ракот. И покрај ова, Сахин, кој тогаш предаваше на Универзитетот во Мајнц, никогаш не се откажа од академско истражување и предавање.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Падна и паркот: Олга Костовска може да гради трокатен ,,Кермес” од 3.150 м2
Тие добија средства од гореспоменатата компанија ,,МИГ АГ” кога Томас и Андреас Штруенгман го продадоа генеричкиот лек ,,Хексал” на ,,Новартис” во 2005 година.
Проектот вреден 1,4 милијарди долари потоа беше продаден на јапонската компанија ,,Астелас” во 2016 година.
После тоа, тимот што стоеше зад ,,Ганимед” веќе беше зафатен со градење на ,,BioNTech”, основана во 2008 година, за да се справи со многу поширок спектар на алатки за имунотерапија против карцином.
Тим од соништата
За инвеститорите, брачниот пар е „тим од соништата“ затоа што тие ги усогласија своите визии со ограничувањата на реалноста.
,,BioNTech” наскоро делегираше околу 500 работници да работат на вакцината, а како партнери успеаја да ги придобијат ,,Pfizer” и кинеската компанија ,,Fosun”.Матијас Теобалд, професор по онкологија на Универзитетот во Мајнц, кој соработуваше со Сахин 20 години, рече дека Сахин има неуморна амбиција да ја трансформира медицината.
