Варшава: Илјадници десничари се судрија со полицијата, беа употребени гумени куршуми

Полските националисти и десничарските радикали се судрија со полицијатa за време на ,,Маршот на независност” во Варшава.  Ијадници луѓе им пркосеа на пандемиските мерки, излегоа на улиците, непочитувајќи ги препораките.

Неколку полицајци се повредени во судирите, објави полицијата на Твитер. Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми против демонстрантите кои фрлаа камења и огномет, според снимките објавени на локалните телевизии.Учесниците на маршот фрлаа петарди, камења и шишиња кон полицијата. Полските радикали и националисти традиционално го организираат овој марш на националниот празник- 11 Ноември, во Варшава.

Поради пандемиските и санитарните мерки, класичниот Марш на независност, кога десетици илјади националисти маршираат низ центарот на Варшава, беше забранет од градските власти, а судот ја одби жалбата на организаторите.

Премиерот Матеуш Моравиецки апелираше до Полјаците да го изразат својот патриотизам со закачување на национално знаме на прозорци и балкони и останување дома, а претседателот Анджеј Дуда рече дека среде пандемија, вистинскиот патриотизам е одговорност да не се заразуваат сограѓани.

Сепак, масата националисти, заедно со хулиганите на фудбалските клубови, тргнаа пеш по истата маршута, следејќи ги возилата, и покрај најавата на организаторите дека годинашниот ,,Марш на независност” е само моторизиран.

Првите инциденти се случија на плоштадот Гол кога шишиња, петарди, метални огради и градски електрични скутери од народот летаа кон полицијата од хулиганите. Интервенираше и полицијата со солзавец, а неколку десетици во немирите беа уапсени, потврди портпаролот на полицијата во Варшава, Силвестер Марчак.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: ,,Златната кокошка” во игра: Дали Шилегов ќе ја продава локацијата на градските бараки од 12.000 м2 и на кого?

Според медиумските извештаи, инцидентите се случиле кога на маршрутата, демонстрантите, виделе балкон на кој се наоѓал постер на полскиот протест против одлуката на Уставниот суд за забрана на абортуси. Учесниците на Маршот за независност, фрлиле петарди и пиротехника на балконот и го запалиле станот.

Никој не бил повреден, а жителите и пожарникарите спречиле ширење на пожарот, објави регионалната противпожарна единица на Твитер, додавајќи дека „пожарот може да бил предизвикан од пиротехника“.

Полицијата подоцна се обиде да ги принуди учесниците на маршот пред Народниот стадион да се разотидат, но судирите со полицијата се прошириле на блиската железничка станица на стадионот Варшава. железнички сообраќај помеѓу источните и западните делови на градот.

,,Неколку полицајци беа повредени. Ние употребивме непосредна сила, вклучувајќи солзавец и во одделни случаи гумени куршуми”, рекле од полицијата.

Маршот на независноста беше организиран оваа година под слоганот „Наша цивилизација, наши принципи“. Пред почетокот, еден од организаторите и водачи на радикалите, Роберт Виницки, постави три барања, од кои едното е против санитарните мерки со кои полските власти се обидуваат да се борат против епидемијата на вирусот корона.

,,Имам три апели. До владата, полската католичка црква и до младите. Ја повикувам владата да престане да клечи пред Брисел и Берлин, ги повикувам да се повлечат од патот на нивните претходници. Ние не сакаме таква држава. Ние сакаме владата да им дозволи на Полјаците да живеат нормално “, рече Виницки, кој се закани на полската католичка црква. Им порача дека, иако националистите излегоа на штрајковите на жените, во последните две недели, за да ги спречат да протестираат со пишување пораки за легализирање на абортусот во црквите, тие немаат намера да бранат педофили во мантија и свештеници кои сексуално злоставуваат.

,,Учесниците, Маршот го организираа и покрај забраната од судот и градоначалникот на Варшава – и покрај негативната проценка на санитарната инспекција. Скандалозно е што 102 години од стекнувањето независност во Полска, судските одлуки не се почитуваат и дека тоа е оправдано со патриотизам”, рече Каролина Галецка, портпарол на градската влада во Варшава.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!