[ВИДЕО] МРТВ пренос: Сите што нè оспоруваат, ќе стојат мирно пред нашата химна

Бура од емоции, химната на Македонија, следната година ќе се интонира на Европското првенство во фудбал. Атмосферата на трибините – пеколна. Исчекување на гол, трепет, срцеви отчукувања. Моменти. Кој ќе го даде голот, кој ќе ја прослави Македонија во овие тешки моменти? Ќе имаме ли среќа или ништо од ова нема врска со среќа, само со игра и таленти?

ПОВЕЌЕ: Македонија на ЕП: Со нога отворивме врата и влеговме во Европа!

И, бидна мајсторијата. Вистинска магија за Македонија. Милиони радосни срца. И солзи.

Коментаторите на МРТВ, Тони Стојановски и Горан Стерјов, снимени во моментот на радост кога Горан Пандев го дава победничкиот гол со кој Македонија, за првпат – влезе на Европско првенство.

Само мал дел од емотивниот, спонтан, патриотски-романтичен, па и благо политички говор на Стојановски, во кој се чувствува болката и пркосот кон оние кое не ја признаваат нашата држава и јазикот: ,,Сите што нè оспоруваат….и име и презиме и нација и ген. Ќе нè почекаат наредниот јуни, ќе стојат мирно пред нашата химна”. Меѓудругото, акцентот негов беше на нашата мултинационална и мултиконфесионална репрезентација.

Повеќе на видеото од фејсбук профилот на Драган Николовски:

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!