Радоста околу пласманот на Европското првенство, вчера, по стариот обичај да се сее омраза и да се дели – ја расипаа дел од навивачите, кои, упатија вулгарни навреди кон премиерот Зоран Заев и новинарот Фуркан Салиу.
Навивачите, кои извикуваа ,,Никогаш Северна” и ,,Заев п*ши ни го **рот”, се дел од структурите кои ги поддржуваат политиките на опозицијата. И имено, видеата беа објавени на десетици твитер профили кои важат за структури, кои редовно промовираат две партии – ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но и каде редовно има истурено големо количество на жолчна омраза кон СДСМ и кон нивните поддржувачи.
Нешто ве глеам згрозени од политика на твитеров, еве да видите како изгледа тоа на улица. Вечно глупа вмрана pic.twitter.com/WFL41d5kUJ
— zarkov (@grof_Zarkoff) November 12, 2020
Новинарот од телевизија КЛАН, Фуркан Салиу, пак, изрази огромна разочараност од погрдните зборови упатени кон него од лица од толпата, омраза на етничка база. Со што бил спречен во извршување на своите работни задачи.
,,Возбуден, среќен после победата, ја земав камерата, линкот, и на терен. За таа атмосфера да ја почувствувате и вие дома преку камерата на мојот медиум… Да уживате и вие што сте во изолација, или па лежите во болнички кревет, борејќи се со овој вирус кој што не дозволува ниту една друга позитивна вест да добие внимание.
Мојата среќа, славење завршија за 10 минути! Дојде млад дечко со два-тројца другари и почна да вика на цел глас: ЕВЕ ГО ШИПТАРСКИОТ ШПИОН, ГО ПРАТИЛЕ ДА НÈ СНИМА.
Гасам камерата, се вратив во канцеларија, изнервиран, разочаран… Зошто мора сè да усе*еме!
Толку разочаран што почнав да ги оправдувам тие граѓани на оваа држава што не сакаат да успееме на било кое поле! Зошто не знаеме ни како да се радуваме на СПОРТСКИ успех?
Но отпосле ми помина нервозата, и си мислам… Па, тоа ваквите хулигани го сакаат!
Сакаат да го извалкаат и спортот! Тие нè сакаат спорт! Не гледаат, заслепени се од омразата!
Толку заслепени што не можеа да видат што можат да направата заедно на терен Велковски, Муслиу и Елмас!
ОДЕТЕ ВО …. ЈАС ЌЕ УЖИВАМ ВО ОВОЈ ИСТОРИСКИ МОМЕНТ, И ЌЕ СЕ РАДУВАМ И ЗА ПАНДЕВ, И ЗА РИСТЕВСКИ, И ЗА БАРДИ, И ЗА БЕЈТУЛАХИ”, напиша Салиу на својот профил каде ја сподели и снимката со извиците упатени кон него. Може да ја погледнете на следниот линк.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1316552088690673&id=100010076834178
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]