Толку сме јаки, шо ќороната и да дојде у диско, нема да ја пуштат на врата!

РАСКАЖУВАЧКАТАПишува:🎬 Фросина Ѓорѓиоска

,,Меѓудругото, интелигенција значи и способност да се адаптирате на промена.“ – Стивен Хокинг, човекот кој се занимаваше со проучување на вселената и црните дупки.
Кога сме кај дупките, на Балканот и во Македонија има најмногу црни дупки по глава и ВО глава на жител. И тоа во буквална смисла.

▪Силвана-Силве од кадрово, експертка за теории на заговор и разоткривач на масонската ложа. Во слободно време клава туршија.
,,Море нешто поткашлувам и малаксана сум, мирис не осечам, ама срамота е да не појдиме со фнукоф помалиот кај малото на Горде од ќерка е на роденден. Пижамчина купифне од ситимол, да напрајме чес, да се отсрамиме. Каква корона, то не постој, то е за оние неписменине, забеганине секташи и дрогаши, лесно шо мојш да ги контролираш. Ама јас нееее, не сум глупа, оваа гла не е само за ладна фризура праејне, мене ќе ми кажат имало корона, само дома да не затворат, да не ојме на работа, да ни замри економијата, да е доуништат државава. Далибор, подај ми ја хефталицата, да ги захефтам документиве, да не ги загубам, оти двајсе години стаж овде и толку е, и нерви и памтејне попушта”.

Јас сида прележав, ќорона мене ниту ме плаши, ниту ме фаќа

▪Далибор, колега на Силве. Практикант во кадрово, а во слободно време локален мафијаш познат само на неговите по дома, кој има украдено пакетче мастики од кооперацијата негде во мариовско, со што значајно си ја подигна самодовербата во тинејџерските години. Прво пијанство му беше со воткаџус у студентски дом, место каде има помалце услови за живот од Марс.
,,Море Силве, ти најарно знаеш, постара си од мене, мајка мојш да ми бидиш, ама и јас не верувам на докториве, само нè лажат. А, бе, ќорона и да постој, мене не ме фаќа, мажиште сум јас или што сум. А, бе, јас сида прележав хехе, ќорона мене ниту ме плаши, ниту ме фаќа. Еве вечер петоче, афтерче, со другарите резервиравме коњопој со флаша Џони, хехе, Џони Шетачот хехе, има да се напрајме пола небо, пола земја. Плус ваму кај шо ќе одиме многу јаки ствари пуштаат, уметнос Силве, обичниве смртници шо не ја разбираат, Аца Лукас, Шако Полумента, има сеа еден нов хит се врти, жена од султана се вика песната и све големи имиња и квалитетна музика. Јала Брат ми е кралот над кралевите. А, бе, толку сме јаки, шо ќороната и да дојде нема да ја пуштат на врата хехех. Мене најјака цура не може да ме фати, не па корона хехе”.

▪Во канцеларијата триумфално влегува Савета, директорката, очигледен поддржувач на природниот изглед.
,,Ах, леле, не можам појќе, нозеве ми отекоа од стоејне, мртва уморна сум, ќе ги соблечам и кондурчинава и доколенкиве”.
Продолжува со директорско-црковни упатства за рајата со која раководи.
-Беф сабајлево пред работа на причес, нели постев две недели и како влегов, така се разочарав, Госпо да ние напомош. Таму едно младо попче, после секое лапнувајне на лажичето го дезинфицираше со нешто и велеше дека мора така поради короната. То е непоштовање на традицијата. Значи притисоко ми се крена, еве дијазепам се напив, што гази све по земјава. Му велам, а море синко, нас Госпо нè чува, тој Севишнио нема да дај да се разболиме од корона, само ако ја поштуваме неговата воља. Јас одбивам да земам причес од дезинфицирано лажиче. Ѓаоло влегол во тебе чедо, зато вака прајш му велам на попчето. Ја досега немам слушнато некој што го знам да се разболел од корона. И да постои, то е обичен грип. Нема мене еден грип да ме спречи да не се причестам. Верник сум од раѓање до гроп и овие сатанистиве докториве што апелират маски да носиме и да не ојме вцрква, дипломата да си ја пикнат….ништо не разбират, го сотреа народо, нервно оболевне. Вируси, микроорганизми. Шо се то микроорганизми? Ги видел некој? Будала работа”.

Мене некој таму од Кембриџ ќе ми кажува за корони, што не го ни знам, а бе ај…

▪Се уфрла Леона, 23, секретарка по занимање, швалерка по струка. Швалерка на газдата кој е сопруг на Савета. Далибор е смртно заљубен у Леона, али тој за неа е само обичен грип што би рекла Савета.
,,Директорке, целосно сте во право за све. Јас ве подржувам. Еве малце поише читав на тема корона и вакцини. Сакам на сите овде да ви кажам дека Вил Гејц праи вакцини со чипови и тие вакцини ќе се пуштаат како вакцини за корона, а уствари внатре има чипови кои ќе ни ги вбризгаат и така ќе нè контролираат. Еве сабајлево коа идев на работа, двајца беа качени на бандера, местеа петЏИ, а сто метри подоле видов мртво врапче. Случајност? Не би рекла. Ќе му бидеме робови на Вил Гејц. Сака да ја контролира цела планета. Еве овде во ташнава Мајкл Корс носам докази испринтани, да прочитате, да бидете у тек”.

▪Научната расправа на ,,големите умови од Кембриџ” околу непостоењето и неопасноста на короната, ја затвара Силве со цврст доказ:
,,Еве сега ми пиша ,,Менка Нокти Ефтино”, била кај видовитата Трајанка во Старо Нагоричане и и` рекла дека корона постои, ама не е опасна ако куќата ја испрскаме со крстена вода и босилек. Мене некој таму од Кембриџ ќе ми кажува за ќорони, ова она, што не го ни знам, а бе ај…
И нутриционистката Перса била баш тогаш кај Трајанка на кафе и на Менче Нокти и` рекла да јаде многу лук и кромид пред секое влегување во автобус и маска нема да и` треба за короната. Ако ова не е доказ, не знам како поинаку да им ги отворам очите на простава раја маски шо носи.

▪За придонес во оваа ,,научна расправа” беше повикана и Милева, дипломиран економист на работно место хигиеничарка. Категорично одби да даде свое мислење за тема за која нема доволно познавања:
,,Јас не би сакала да изнесам мислење за тема која не ја познавам доволно, затоа што тоа што ќе го кажам може и да не биде точно, а ако кажам нешто може да влијае некому врз неговото мислење, дисциплина и однесување во врска со вирусот, што значи дека моето евентуално неточно мислење може некого да втурне во смрт, т.е. да фати корона ако ме послуша и затоа сметам дека треба сите да се воздржуваме од јавно изнесување на мислење за вирус за кој научници тврдат дека е опасен по живот.
Со вакви работи треба да сме крајно внимателни. Мислење можам да ви дадам за некој филм, книга, музика, ама за вакви теми се воздржувам од споделување на мислење. Јас не сум стручна, сепак сум само дипломиран економист кој си ја гледа својата моментална работа”.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!