Шпанскиот премиер, Педро Санчез, објави дека Шпанија, заедно со Германија, ќе биде првата земја во Европската унија што ќе го заврши планот за вакцинирање на населението од коронавирус.
Планот треба да биде одобрен од владата во Мадрид на министерски состанок во вторник и презентиран пред јавноста. Првите пациенти би биле вакцинирани од јануари до март.„Значителен дел од населението ќе биде вакциниран“, изјави Санчез за медиумите за време на презентацијата на планот за економско закрепнување, но не го прецизираше бројот на вакцини што неговата влада има намера да ги купи.
Санчез рече дека ЕУ потпишала три договори со фармацевтските компании „АстраЗенеком“, „Санофи“, „Јансен“ и „БиоНТех / Фајзер“ за испорака на една милијарда дози од вакцината, но тој број може да се зголеми. Додаде дека исто така се очекува потпишување договор со ,,КуреВак” и оти напредуваат преговорите со ,,Модерна” за испорака на дополнителни 400 милиони дози.
„Работиме на тоа што вакцините да бидат достапни што е можно побрзо“, забележа Санчез. „Иако има надеж на хоризонтот, не смееме да се опуштиме, бидејќи пред нас се тешки месеци“, додаде тој.Во текот на изминатите две недели, бројот на нови случаи падна малку во Шпанија, падна од 530 заразени на 100.000 жители во текот на првата недела од ноември на 436 заразени на 100.000 жители, регистрирани во четвртокот.
,,Иако сеуште е голема бројка, ние сме на добар пат да ја намалиме кривата на нови случаи. Нашата цел е 25 заразени на 100.000 жители”, рече премиерот.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]