Јапонската принцеза Мако ги одложи своите планови за венчавка откако јавно објави дека сепак е подготвена да се откаже од својот кралски статус за да може да се омажи за „обичен дечко“ кој не е член на кралското семејство.
Мако, 29 години, студирала во Единбург, Даблин и Лестер, кога го запознала својот долгогодишен дечко Кеи Куре. Во случај да се омажи за него ќе мора да се откаже од титулата. Се чини дека станува збор за проблем кој се провлекува веќе неколку години, бидејќи ова не е прв пат свадбата да се одложува. Имено, уште во 2017 година беше објавена веста дека плановите за големиот ден се стопирани, и покрај фактот што тие најавија сè две години порано.
Неодамна Мако за локалните медиуми изјави дека таа и Кеи се незаменливи едни за друг, но дека сè уште немаат конкретен план кога ќе се венчаат и дека во моментот е тешко да зборува за иднината.
,,Бракот е неопходен избор за да живееме и да го следиме своето срце. Ние сме незаменливи еден со друг и можеме да се потпреме еден на друг во среќни, но и несреќни моменти. Во овој момент, тешко е да се каже нешто за нашите планови за во иднина”, рече таа.
Патем, јапонскиот империјален закон налага принцезата да го напушти кралското семејство веднаш откако ќе се омажи за обичен човек без благородно потекло, на кој, се чини, Мако, сепак, не е подготвена.
Нејзината тетка, Сајако, е последната од семејството, лишена од кралски статус кога се омажи за градски службеник во Токио во 2005 година.
Кеи, кој работи во адвокатска канцеларија, ја запроси Мако во декември 2013 година и тие ја држеа врската во тајност. Врската се оддржуваше на дистанца, сè додека таа не се стекна со магистерската диплома во Велика Британија. Тие најпрво објавија дека планираат венчавка во 2017 година, а набргу потоа беше објавено дека парот сепак тоа ќе го направи во ноември 2018 година. Подоцна, венчавката беше одложена за 2020 година, со официјално соопштение дека на парот им треба повеќе време да ја испланираат церемонијата.
„Јапонија тајмс“ во јули објави дека престолонаследникот и нејзин татко, Фумихито, рекол дека тој не знае дали неговата ќерка воопшто ќе се омажи.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]