Ќе ја донира ли Мицкоски ,,белата палата” за ковид-центар, вредна 14 милиони евра?

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва, изјавил дека е многу лут и разочаран поради корона кризата⁉️ Ете. Многу бил вознемирен.

– Луѓето чекаат за медицинска нега по ходници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно – рекол Мицкоски во интервју на ,,Сител”.

Да потсетиме, граѓаните на Македонија на што сè се лути, а уште нема одговори, ниту правна разврска. А, притоа, Мицкоски, никогаш не го споменува финансискиот разврат на ВМРО-ДПМНЕ, додуша ни сопствениот комфор и разни банкарски конта, додека е во его на ,,тагување” во етер врз судбината на обичните граѓани со плати од 400 евра.

ФАКТ: Вредноста на замрзнатиот имот на партијата ВМРО-ДПМНЕ е вкупно 17,5 милиони евра – станови, куќи, деловен простор….Имотот е стекнат од 2009 до 2016 година во времето на Никола Груевски. Има обвиненија за незаконско перење пари и злоупотреба на службена должност, случај ,,Талир”.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Богојески ја дава ,,Шула Мина” на народот за ,,ковид-болница” – ќе волонтира и тој!

ФАКТ: Замрзнати се 62 имоти, слободни се 27 за продажба, меѓу нив не е и ,,белата палата”, но е слободна за ковид-центар.

ФАКТ: Само седиштето на партијата, каде денеска Мицкоски седи во широка фотелја и држи демагошки говори за ,,лутина и разочараност” вреди – 14 милиони евра.
Просторот со кој располага партијата е 3.800 м2.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Амбасадорката Брнз за Телма: Владата во тешки услови ја менаџира кризата, најдобро што може

Прашањето е – колку метри квадратни и евра е подготвен Мицкоски да донира на народот за ковид-центри, за време на кризна состојба и имено да обезбеди простор за кревети од партискиот имот? За истиот тој народ да се увери во неговите искрени намери?
Сепак, во моментов, додека лее крокодилски солзи на сите страни, она кое не го кажува е – дека неговите родители ја имаа таа среќа да се лекуваат во приватни болници каде еден ден чини 1.500 евра.

И, Мицкоски? Што реши – колку ќе донираш партиски и приватно за потребите на народот за кој толку се грижиш? Барем една маска од сопствен џеб да донираше досега!

[ЈИЈ]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!