Нов генерален секретар во Владата на Северна Македонија, од редовите на СДСМ е потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири. Доаѓа на местото на Драги Рашковски.
На последните избори, од ИЕ 2, беше избран за пратеник во Собранието на С.Македонија, функција на која даде оставка и која ја отстапи на друг избраник на листата. Се смета дека доаѓањето на Зекири во партијата привлече значителен број на албански гласови за две победи на СДСМ и за формирање на две влади, едноподруго.
Зекири е политичар од албанска етничка припадност, кој во СДСМ го донесе и го примени на дело слоганот – ,,Едно општество за сите”, заедно со челните луѓе.
Функцијата генерален секретар подразбира организација, советување, стручност и логистика во работењето на целата Влада, премиерот, вицепремиерите, министрите.
Роден е на 10 март, 1979 година – во Скопје. Основно училиште завршил во „Лирија“, во населба Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово.
Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил во македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Во 2006 година стапува на функцијата главен и одговорен уредник на ,,Алсат” телевизија. Зекири е познат е по емисијата ,,Патот кон…”. Една од неговите најлегендарни и најгледани емисии беше гостувањето на Велија Рамковски, по упадот на режимот во медиумот, а пред Рамковски да биде уапсен. Во таа антологиска емисија беше искажана реченицата од Рамковски која оддекнува и ден-денеска во ушите на сите кои ја напуштија навреме професијата – ,,и новинарството се претера”.
Зекири, чија главна карактеристика е остриот новинарски ум и новинарскиот нерв, потоа е уредник во ТВ ,,Шења”, сè до 2016 година кога го напушта новинарството како професионална определба и запловува во политичките води, како еден од главните фронтмени на новата генерација политичари во СДСМ.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]