Крвта не се брише: Повлечи се, Заев – народот е гневен!

По интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, револтот и гневот кај македонскиот народ расте. И созрева. Со брзина на светлина. Чемер и јад по изјавите дека нашата историја може да се брише со гумичка и дека веќе се избришани 20 споменични плочи, каде беше напишано и историски врежано дека партизани и други борци загинаа од бугарска фашистичка рака.

Споменикот на партизанот Кузман Јосифовски-Питу , убиен од бугарски куршум, во Козле, Скопје [Фото: Јоци]
Народот не го разбира повеќе Заев и која е неговата крајна цел ако треба да избришеме сè наше за влез во ЕУ, сета крв која падна за независна Македонија! Крвта не се брише, беше главната парола на ,,Шарената револуција”, која го донесе него и СДСМ на власт! Не ја даваме Историјата, партизаните, Мирче, Страшо, Дуња, Кузман….! Не, не и не!

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Ќе ја донира ли Мицкоски ,,белата палата” за ковид-болница, вредна 14 милиони евра?

Со сиве овие изјави, Заев, и` даде ,,ас во ракав” на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ најави протести за утре. Но, не е помала горчината и желудочната мачнина ниту кај приврзаниците на СДСМ.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Милошоски спиеше на таванот на Каракачанов и го вееше бугарското знаме

Ништо ти нема да бришеш, Заев! Не сме на твојот пат. Овојпат чекориш сам. Повлечи се, најдобро. Навреме.

[ЈИЈ]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!