Доктори, сестри и цел медицински персонал, а секако и Влада на Македонија, ако се прашувате што прави новиот директор на Центар за кризи, Стојанче Ангелов, имате единствена можност да се уверите.
Човекот си ужива! Вари кафе, слушал контроверзна музика, се релаксира во службени простории….додека сите ние го плаќаме да ја менаџира кризата.
Појаснил, варел кафе во 16.30 часот, вон работно време. Како да е тоа битно. Човекот не сфаќа колку е невкусно да се слика како на модна ревија додека умираат 40/50 луѓе дневно. Не сфаќа ни очито што му е работа по опис за работно место.
СДСМ, е вакви кадри ставивте. Свесни сте или да нацртаме?
За тоа време, додека Ангелов се забавува и се слика за социјални мрежи во его на Џорџе Клуни некаде од штипско, доктори и сестри, кои, спасуваат животи и гинат – немаат време ни вода да се напијат. Му објасниле ли на овој човек од Влада дека не е во игротека?
А, на кого вари кафе новиот директор, уште неседнат во фотелја? На Димитар Апасиев, кој, денеска со 3.000 амандмани, заедно со ВМРО-ДПМНЕ/АА/Алтернатива го блокираа Собранието за онлајн работа.
Прашање е дали поради оваа блокада ќе се донесе Буџетот за 2021 година, а со тоа земјава ќе падне во финансиска криза, пред сè заради неисплата на плати и пензии ако не се усвои Буџетот.
Е, токму Ангелов на вакви луѓе им вари кафе.

Стојанче, ти заборави како р’мбаше како камила во Ирак? Некако убаво ти легна народниот кеш, под капа на СДСМ, сега како директор, а претходно како вработен во М-НАВ.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Бранко, здраво и збогум – дојдоа нови деца во СДСМ, не знаат ни како изгледаш!
А, колку гласа донесе ти на последни избори, десет? И со десет гласа заслужи вака сериозна функција?
Да не се лажеме, не си ти дораснат за вакви функции. Искрено не знам дали некој воопшто гласа за тебе во 2020 година. Не носиш ти гласови, само одземаш. Ги револтираш сдсмовци на секој чекор.
Туку, СДСМ, вие што го поставивте вмровецов, кој пие кафе со Апасиев, што мислите – за вас работи? Не нè смејте. Сигурни сте дека Стојанче не кроел некои тајни коалиции?
Стојанче, да погодувам. Му ја пушти на Апасиев ,,Ела да те питам, бабо“, песната за Тодор Александров?
Ах. Не се менуваш ти. Еднаш ретрограден вмровец, секогаш ретрограден вмровец. Не си ти за никакви функции.
[ЈИЈ]
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]