Германија забрани пластични кеси, но само во малопродажбата

Германскиот парламент, Бундестагот, донесе закон со кој се забрануваат пластични кеси на мало од 2022 година, а тенки пластични кеси за пакување овошје и зеленчук сè уште се дозволени, објавија властите.

Забраната се однесува на пластични кеси со дебелина помеѓу 15 и 50 микрометри, кои се стандардни вреќи кои се користат во малопродажбата.Пластичните кеси за пакување овошје и зеленчук, како и пластичните кеси изработени од подебел материјал наменет за повеќекратна употреба, се изземени од забраната.

„Пластичната кеса е синоним за непотребно трошење на ресурси“, рече министерката за животна средина, Свења Шулце (Социјалдемократска партија на Германија – СПД).

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Бранко, здраво и збогум – дојдоа нови деца во СДСМ, не знаат ни како изгледаш!

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

Според неа, платнените вреќи, корпи и пластични гајби за повеќекратна употреба се „добра алтернатива“ за пластичните кеси.

Еколошката организација WWF ја поздрави забраната за пластични кеси во Германија, но во исто време рече дека забраната има „само симболична тежина“.

„Помалку од еден процент од потрошувачката на пластика во Германија отпаѓа на пластичните кеси“, се вели во соопштението на WWF.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Стојанче се слика и пие кафе со Апасиев, а доктори и сестри немаат време ни за чаша вода

Партијата на зелените исто така го поддржа законот во парламентот, но смета дека трендот на употреба на пакување за еднократна употреба не е запрен.

Опозициските партии, Алтернатива за Германија и Либералдемократската партија, гласаа против законот бидејќи сметаат дека тоа е нефер мерка за германската малопродажба без видлив ефект врз животната средина, со образложение дека таа се однесува само на германските продавници, додека другите земји на ЕУ не се засегнати од законодавството. .

Пратеникот на АфД, Андреас Блек, посочи дека договорот меѓу малопродажбата и федералната влада за намалување на употребата на пластични кеси, постигнат пред две години, дал резултати и ја намалил употребата на кеси за две третини.

„Законот за забрана за пластични кеси е најбесмислената забрана за животната средина во овој изборен период“, рече Блек.

Во последните две години, огромното мнозинство на ланци за самопослужување целосно ги укинаа пластичните кеси.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!