,,Пратениците не смеат да се конектираат од дневната или од спалната соба…пратениците може да одлучуваат и со телепатија…пратениците не смеат да носат облека со обележја од салони за маникир и педикир..“, се само дел од бизарните, злобни, нечовечни и инфантилни 3.000 амандмани, поднесени од пратениците на ,,Левица”, Димитар Апасиев и Борислав Крмов со кои толку очебијно и дрско – наголемо се забавуваат и ја блокираат работата на Собранието на Македонија за време на пандемија во која секој ден луѓе тешко се разболуваат од Ковид-19, а бројките на починати растат. Ја блокираа и помошта за социјални категории на луѓе, на самохрани родители, на лозари, пензионери, на ред други категории на граѓани кои чекаат државна поткрепа за време на пандемија.
Некои од амандманите објави лично Апасиев, човекот кој носи црни кошули веројатно и за празник и за погреб, со тон кој труе на нечовештина, на некоја длабоко несреќна судба и многу непрележани ,,детски болести” чии чиреви излегуваат на површина во 2020 година, додека зема плата од околу 1.500 евра народни пари за да работи за доброто на државата, а не да ги револтира даночните обврзници со својата внатрешна пизма. Тој напиша: ,,кога е бал, нека е маскенбал. Виртуелно онлајн-собрание од WC”.

Сите 3.000 амандмани за да се спречи усвојувањето на измените на Деловникот за онлајн- работа, освен од ,,Левица” се поднесени и од ВМРО-ДПМНЕ/АА и Алтернатива.
Сите овие партии, сложно и без скрупули, го блокираа Собранието на Македонија по што е доведено во прашање носењето на Буџетот за 2021 година, како и ред закони за помош на граѓаните за време на пандемија.
Дел од амандманите на ,,Левица” во прилог:


Околу овој системски хаос, создаден од опозицијата, со цел нефункционално Собрание, се огласија и од СДСМ, како и премиерот Зоран Заев.
,,Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани.
Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани”, напиша премиерот.
Тој и вчера ги повика пратениците од опозицијата за разум и да го преиспитаат своето однесување за доброто на граѓаните.
Заев: Нема ваучери, помош за пензионери, родители, лозари поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]