Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека огромната државна помош за компаниите погодени од кризата со коронавирусот не може да продолжи на неодредено време.
Канцеларката се обрати на јавноста во врска со претстојните дебати во парламентот за буџетот за 2021 година.
ПРОЧИТАЈТЕ: Пропаганда и терор: Како ,,курирци” го лажат народот за преговорите со Бугарија
„Федералната влада, покраините и советите мора да работат заедно, добро и конструктивно за да ја надминат пандемијата и нејзините последици на најдобар можен начин“, рече Меркел во својот неделен видео подкаст.
Во вторник, Бундестагот треба да расправа за буџетот за следната година. Над една третина од буџетот се очекува да се финансира со задолжување.
Коалициската влада планира да позајми дополнителни 180 милијарди евра (218 милијарди долари) следната година. Канцеларката Меркел го бранеше дополнителното задолжување.
„Ако голем број компании пропаднат и милиони работни места се изгубат, тоа ќе нè чини уште повеќе – и финансиски и социјално“, предупреди Меркел.
ПРОЧИТАЈТЕ: Т’га пред Влада: Мицкоски се пожали немал народ на митинзи, било пандемија!?
Додаде дека државата може да потроши големи суми пари во 2021 година, благодарение на заштедите од претходните години. Генерално, државата предвидува дека ќе потроши скоро половина трилион евра следната година и ќе позајми скоро двојно повеќе. Даноците ќе треба да се намалат за многу граѓани.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]