Верувале или не: Златев стана и радиоводител – некој му отворил и радио!?

Главната, а тажна екс сдсмовска ,,роза”, која се преобрати политички, па долго време на неговиот виртуелен сокак се воспеваат вмровските митинзи, изјави и волшебни ,,успеси”, од денеска е и радиоводител. Да, даааа….баш така. Не знаеме што води, а богами не нè интересира.

Но, самиот се фали – водел фирма со 20 вработени!? Молам? А, кој тоа го плаќа и за што, по четири изборни порази?! За 20 вработени треба минимум 20.000 евра месечно. Некој сево ова го финансира!? Не ми е јасно. Ако може малиот да ни објасни, околу приливот на пари на негова сметка. Колку пари месечно му се слеваат и по кој основ?

Туку, дали ви се верува? Некој уште фрла пари на ,,розава”, па уште и на радио, кое е одамна мртов медиум, уште од времето на песната ,,Video kill the radio star”, а тоа е некаде пред 40 години. На радио!? Ај, пак од почеток, на радио! Мене, секако не ми се верува, но добро – демократија е. Но, финансова полиција ме интересира што прави, дали слуша радио?

,,Розава” се забавува сега и со слушалки, како мало дете. Како Никола Груевски што се забавуваше и си играше со ,,мерцедесот” од 600.000 евра, го слушавме во ,,бомбите” со Горде кога правеше нарачки, нели – ,,да има телевизор…да има копче за греење…да има копче за ова…за она”, па знаеме што стана потоа.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!