Т’га пред Влада: Мицкоски се пожали немал народ на митинзи, било пандемија!?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од бина пред Владата на Македонија, се пожали дека ете – му фабрикувале текстови дека немал народ на неговите митинзи (тој си ги нарече така).
Од друга страна, како оправдување рече дека било пандемија⁉️
Добро, Мицкоски, дај одлучи се, леба ти – ти фабрикува некој текстови или сепак немаш народ на митинзиве со изговор – пандемија! Сам признаваш дека слаба е посетеноста. Од трета страна порача ,,ќе се случел народ” ако некој чепнел во идентитет, јазик…значи, логички, ,,народ” уште не се случил, а кога ќе се случи не знаеме. И сево ова, Мицкоски, го кажа во неполна минута.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Мицкоски и Левица се спукаа, не се договориле кој да ја украде славата!?

Очито вистината е таа. Немаш народ. До тебе е и твоето опкружување. Едноставно не допирате до членството, камоли до други. А, кога нема народ на улица, нема излеан револт, незадоволство, пркос, а тоа е исто како ништо да не се случува. Буквално – ништо. Помири се дека, како партија, фрлате милиони и милиони на луѓе и на ресурси, за да убедите во ,,нешто”, а не успевате веќе четири години. Резултат – компир!

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ:

ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа: На протестите на вмровци, не застануваат ни пензионери за сеир

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!