Антонио Милошоски, обвинет во случајот ,,Моќник“, е претседател на собраниската комисија за надворешна политика. На пошироката јавност, на која тој многу љуби да се повикува, веројатно овој факт и` е помалку познат.
Оваа комисија, без докрај регулирана законска обврска, ги ,,сослушува” избраните амбасадори, пред да бидат упатени да раководат со амбасадите и мисиите за кои се и избрани.
Иако дипломатската пракса во светски рамки не практикува ваква процедура, со одредени исклучоци кај една-две поголеми земји (САД, на пример), ние вообичаено сме уникатен егземплар за заплеткување и давење во бирократија, наспроти практичниот и прагматичен пристап којшто би требало да го има нашата дипломатија.
Се изживува и ја држи во заложништво цела јавност
И замислете сега. Во услови на глобална пандемија и предизвиците кои ги носи истата, нашата дипломатска мрежа е осакатена и обезглавена, само заради еден лик, нели, Антонио Милошоски, кој четири месеци не свикува седница на комисијата.
Со ова однесување, тој е кочница на нашата меѓународна политика. Не дозволува избраните амбасадори, кои, во случајов се сите професионалци со повеќедецениско дипломатско искуство, да ги презентираат своите платформи и да ги преземат функциите за кои се избрани.
Можеби Милошовски мисли дека комисијата е негова соственост, па може да се изживува со нејзините членови и со дипломатските претставници и со македонската јавност!?
Си тера некоја си ,,свирче” политика и со секој нов ден – гледа како да спаси глава од судските процеси и кривичните пријави против него.
Дел од тој негов план за спасување на сопствената кожичка е веројатно и несвикувањето на седницата на комисијата која, за жал, токму тој ја води. Така ја става во заложништво целата македонска дипломатија, а со тоа директно наштетува на меѓународниот имиџ на државата.
Тој всушност го урива и имиџот на партијата која го избрала, а и директно му наштетува и на народот, на кој милува да се повикува.
Личен есап на недоделкан пратеник за спас на сопствената кожичка
Сега се поставува прашањето до кога Милошовски ќе се изживува со целата јавност и со реномето на државата?
Во неколку наврати, уште во август годинава, самиот бараше да се забрза процесот на поставување на амбасадори, но притоа јавно беше прозван и од министерот Османи.
Тој, како бивш министер за надворешни работи, точно знае дека државите реагираат на нашето адолесцентно однесување и многу добро му е познато дека непоставувањето на амбасадори во дипломатската пракса значи – своевидно назадување на односите на Македонија со други земји.
Сето ова, Милошовски, многу добро го владее и по сè изгледа го користи во сопствени и партиски цели.
Туку, дали оваа негова очебијно губитничка и деструктивна политика можеме сепак да ја книжиме на негова сметка? Токму како негов личен придонес во наштетување на на сопствената држава и интересите на народот? Или сепак е и политика која ја поддржува и неговата партија?
Од сè ова погоренаведеното, без сомнеж – станува збор за бескраен вртлог од лоши намери и партиски калкулации.
Затоа, многу е поважно институциите, првенствено Претседателот на Собранието, но и Претседателот на државата, веднаш да стават крај на ова матно калкулантско политиканство и уривање на имиџот на државата од поединци.
Потребно е најитно да го спроведат процесот на упатување на амбасадори во државите во кои се избрани. Во овие тешки времиња тоа е она што им треба на нашите граѓани, а не полтронски и опортунистички маневри, односно личен есап на недоделкан пратеник за спас на сопствената кожичка.
[ЈИЈ]
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА МИЛОШОСКИ:
Милошоски, дали како ,,Б’лгарин” азбуката ни ја нарече ,,караџица”, а Конески – шеќерен џелат?
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]