Мицкоски на нишан на Заев: Навиваше и блокираше да нè добиеме датум за ЕУ

Сериозни обвинувања до опозицијата упати премиерот Зоран Заев во денешното свое видео обраќање до нацијата на денот кога сме блокирани од Бугарија за влез во ЕУ.

Посочи дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ биле единствените кои навивале Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, а и единствените кои блокирале реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.

Им паднаа во вода лагите на ДПМНЕ дека се распродавал идентитетот

Потсети дека Мицкоски најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласил за лажна веста, а не собрал сили ниту да честита, ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја-членка на НАТО.

– Еве денеска паднаа во вода сите лаги и клевети. Им се срушија лагите дека наводно се распродавал македонскиот идентитет. Тие што македонскиот народ го нарекоа хистеричен, сега тонат во сопствената хистерија – рече премиерот, додавајќи дека токму неуспехот е сонот и желбата на лидерството на ДПМНЕ.

И покрај тоа, македонскиот народ го надминува овој момент со крената глава наспроти срамните лаги коишто се опасност за стратешките интереси на земјата, со акцент дека – ,,дури и Европа ги препозна и ги прозва нивните лаги”.

Нема да помагаме Бугарија да печали поени на ,,македонско прашање”

Премиерот рече дека македонскиот народ е далеку повисоко од хистеријата и од срамните лаги на Христијан Мицкоски.

– Еве сме. Тука сме. Македонци кои зборуваат македонски јазик. Свои на своето. Отсекогаш, засекогаш. Станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик – порача тој, со ветување дека нема да дозволат национализам, ни нов, ни стар ,,груевизам” како оној после ветото од Букурешт во 2008 година.

Упати порака и до Бугарија, дека ,,нема никому да помагаме во Бугарија, да печали политички поени на македонското прашање”.

Премиерот од ЕУ побара ,,да го почитува, да се грижи и да го чува нашиот македонски идентитет, како скапоценост на својата различност”.
Порача дека како земја остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Тоа ќе биде решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

Заев: Не прифаќаме уцени од Бугарија, не даваме да се чепка народот, јазикот, АСНОМ

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!