Владата на С.Македонија платила аванс за набавка на 833.000 вакцини против КОВИД-19, а ќе бидат обезбедени уште 800.000 од ЕУ, соопшти премиерот Зоран Заев, појаснувајќи дека е обезбедена и банкарска гаранција како потврда дека ќе биде исплатена целата сума.
Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021, се вели во владиното соопштение. Во подготовка е и логистичката организација на целата операција за вакцинирање против КОВИД-19.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Мицкоски на нишан на Заев: Навиваше и блокираше да нè добиеме датум за ЕУ
„Во делот на набавка на вакцините би сакал прво да повторам дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Во рамки на овој систем ќе ги добиваме вакциниите согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс за кој наскоро ќе добиеме информации од нив. Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори односно доставивме формални барања за обезбедување вакцини уште преку други два механизми. Првиот е во директни преговори и директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Пуштено е формално барање за понуда до две компании, „Фајзер“ и „Астра Зенека“ и се надеваме дека наскоро ќе имаме формална понуда од нив“, рече премиерот Заев во интервју за ,,Телма”.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Петровска ја украсила Битола со светилки од подрумот, фали уште матурскиот фустан
Тој истакна дека е обезбеден и трет механизам преку Европската унија и посебно од Грција за дополнителни 800.000 вакцини преку ЕУ (од вкупно 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата).
Претседателот на Владата Заев информираше дека е во подготовка и логистичката организација на целата операција за вакцинирање против КОВИД-19 за што Владата донесе неколку одлуки.
Вакцинацијата за граѓаните ќе се врши на постоечките здравствени капацитети, вакцинални пунктови и болници. Во тек на следната недела ќе започне процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид 19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината треба да бидат обучени со поддршка од СЗО.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]