Научниците ја проучувале ДНК структурата на 2.700 пациенти со Ковид-19 во 208 единици за интензивна нега ширум Велика Британија, при што дошле до сознание дека пет гени се вклучени во два молекуларни процеси – антивирусен имунитет и пневмонија, кои биле клучни во многу тешки случаи.
„Нашите резултати веднаш покажаа кои лекови треба да бидат на врвот на списокот за клинички испитувања“, рече Кенет Бејли, академски советник за интензивна нега на Универзитетот во Единбург, кој беше ко-предводник на студијата.
Гените, наречени IFNAR2, TYK2, OAS1, DPP9 и CCR2, делумно објаснуваат зошто некои луѓе развиваат многу тешка форма на болеста, додека други минуваат низ лесна форма.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ТВИТЕР НА ДЕНОТ: И пак ќе си ги гласаме СДСМ, сигурно не – факин ДПМНЕ!
Резултатите од студијата, објавени во списанието „Природа“, треба да им помогнат на научниците да ја забрзаат потрагата по потенцијални лекови за Ковид-19. Овие сознанија ќе помогнат во спроведување на клинички испитувања на антивирусни и антиинфламаторни лекови.
Досега, дексаметазонот и ,,ремдесивирот” се единствените лекови дозволени низ целиот свет.
,,Меѓу оние со најголем потенцијал треба да бидат инхибитори на ЈАК, кои вклучуваат лек за артритис – барицитиниб”, рече Бејли.
Неговиот тим исто така откри дека засилената активност на генот INFAR2 може да создаде заштита од Ковид-19 затоа што веројатно го имитира ефектот на третманот со интерферон.
Различни постоечки лекови се испитуваат во клиничките испитувања за да се види дали тие можат да помогнат против Ковид-19, вклучувајќи интерферон-бета-1а, антагонист на рецепторот на интерлеукин-1 и лек за артритис на Санофи, Кевзар.
До денес, стероидниот дексаметазон и новоразвиениот антивирусен лек ,,ремдесивир” се единствените лекови одобрени ширум светот за третман на пациенти со Ковид-19, иако ,,ремдесивирот” не се препорачува за тешки случаи и има мешани резултати од испитувања.
Минатиот месец, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри производството на ,,бамланивимаб” за пациенти кои не се хоспитализирани, но се изложени на ризик од потешка форма на болеста поради нивната возраст и други состојби.
🔴 ВЕСТ НА ИСТАТА ТЕМА:
https://joci.mk/2020/12/11/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%B0-833-000-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BD/