Претседателот Доналд Трамп и САД тајно работат со вонземјани од „Галактичката федерација“ на Марс, тврди поранешниот шеф на безбедносната вселенска програма на Израел за израелските медиуми.
Според професор Хаим Ешед, кој беше шеф на израелската вселенска програма од 1981 до 2010 година, не само што американската влада е во контакт со вонземјани, туку вонземјаните го советуваа претседателот Трамп да не го открива нивното постоење поради „масовна хистерија“.
ПРОЧИТАЈТЕ: [ВИДЕО] Сите женски раце кои го пипкаат Мицкоски и му местат крагни…
„НЛО побараа да не објавуваат дека се тука, човештвото сè уште не е подготвено. Трамп беше на чекор да открие, но вонземјаните во Галактичката федерација рекле: ,,Чекај, остави ги луѓето прво да се смират”. Тие не сакаат да започнат масовна хистерија. Вонземјаните сакаат прво да нè направат разумни и разбирливи”, рече Ешед, кој е цитиран во еврејскиот печат.
Тврди дека американските астронаути се координираат со вонземјаните во „подземната база“ на планетата Марс.
Ешед додал дека вонземјаните наводно чекаат да се развие човештвото пред да го откријат своето постоење. Меѓудругото објаснил и зошто како професор токму сега одлучил да проговори – бидејќи смета дека човештвото сега е поподготвено за овие информации. Доколку кажел пред 5 години, како што рекол самиот, најверојатно би бил хоспитализиран.
„Тие чекаат човештвото да се развие и да ја достигне фазата кога генерално ќе разбереме што значи вселената и вселенските бродови“, рекол професорот.
Професорот призна дека некои луѓе можеби ќе бидат скептични во врска со неговите тврдења, но инсистираше на тоа дека постои растечки тренд за прифаќање на постоење на вонземјани. Решил да проговори за сево ова, бидејќи нема што да изгуби.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Петровска ја украсила Битола со светилки од подрумот, фали уште матурскиот фустан
„Со моите дипломи и награди, ме почитуваат на универзитетите во странство, каде што трендот се менува“, додаде тој.
Ешед ја доби Израелската награда за безбедност три пати, вклучително и двапати за „доверливи технолошки пронајдоци“, објави еврејскиот печат. Тој овие коментари ги дал за викенд-изданието на израелскиот дневен весник ,,Једиот Ахаронот”.
Ниту една голема влада не излезе со коментар околу тврдењата на Ешед.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]