Што беседеше Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во октомври годинава околу локалните избори во Штип, каде вечерва победи СДСМ, а тој реши да не учествува т.е – избега од мегданот со својот противник – од кој губи веќе три избори во низа. Не влезе воопшто во рингот со изговор ,,пандемија”, иако наназад три месеци таа пандемија не му пречеше да организира протести на отворено, со маса луѓе, кои за волја на вистината – беа во мал број.
Членството не го ,,почести” со присуство, а со тоа му даде до знаење дека како персона која три години го држи тронот – нема влијание, ниту моќ да мобилизира голема маса на луѓе за пад на владата на СДСМ. Неговите протести се смешни и мизерни.

Тој, во октомври, уверуваше дека ВМРО-ДПМНЕ, има капацитет да мобилизира маса во Штип. Дури и потенцираше дека тоа што го пишува не се празни зборови. А, сепак, вечерва – делата зборуваат многу погласно од напишаното.
▪,,Штип е посебно историско место за мене како човек. Во Штип се брани Македонија, и ова не се обични зборови.
Капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип е навистина огромен, станува збор за прекрасни луѓе кои можат да дадат многу за Штип и штипјани и јас мислам дека тоа ќе бидат исклучително квалитетни тандеми или тим на луѓе кои ќе работат за интересите на штипјани и ќе го постават Штип онаму каде што му е местото”, напиша Мицкоски пред два месеци.
Во декември е јасно – Мицкоски е ,,прегорена жица”. Ниту има капацитет, ниту знае да замине достоинствено од фотелјата и да отстапи место на квалитетни кадри. И за тоа е свесно цело членство. Прашање на време е кој ќе го замени. И како. Времето тече…одбројуваме.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
https://joci.mk/2020/11/01/%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%BA-%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]