Нормалниот живот во Франција ќе се врати на есен 2021, Австрија влегува во трет ,,локдаун”

Пред есента 2021, за Французите нема да има враќање во нормален живот, карактеристичен за оној пред пандемијата, предупредил имунологот Жан-Франсоа Делфраси.

Според него, иако е втор ,,локдаун”, станува збор за вирус кој продолжува силно да циркулира.
Земјата е петта по заразени во светот од Ковид-19, со регистрирани 2,42 милиони случаи. Само вчера имало 18.254 нови случаи на, што е најголем дневен број на пациенти во последниот месец.

Карантин до 18 јануари во девет австриски провинции

Австрија пак влегува во третиот ,,локдаун” по Божиќ и овој карантин ќе трае до 18 јануари, информираа австриски медиуми.
Владата на видео конференција со гувернерите на девет австриски провинции се договори за можни дополнителни мерки против коронавирусот.

Иако бројките за заразени се намалени на дневно ниво, од 9.000 на 3.000, сепак за властите ова се сè уште големи бројки. Во моментов, земјата излезе од вториот карантин и дозволи божиќни прослави до 10 лица од 10 семејства.

Новиот ,,локдаун” ќе ги затвори продавниците, а во шопинг ќе се оди за основни потреби. Затворени за празнување ќе бидат и хотелите и рестораните. Ново тестирање за граѓани ќе има на 16 и 17 јануари, а оние кои ќе бидат негативни ќе може да излезат, а забраната ќе се симне на 18 јануари – за продавници и ресторани.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОД ДЕНЕШНИТЕ ВЕСТИ:

https://joci.mk/2020/12/18/%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D1%80%D1%83/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!