РЕТРО СКОПЈЕ: Имавме Луна парк со детска смеа, сега пустејлија

Ова е фотографија од Луна паркот, од почетокот на 80-те години од минатиот век. Од едно време кога забавниот парк вриеше од луѓе, насмеани деца, нови реквизити, зелени површини.

Во моментов, во градот нема никаков забавен парк. Веќе четврта година.
Екс градоначалникот Коце Трајановски го урна стариот Луна парк и започна со изградба на нов. Склучи договори, имаше проект, градежни работи почнаа, 20 отсто од сумата беше платена, некои реквизити стасаа, а сегашниот градоначалник Петре Шилегов сето тоа го стопираше.
Вети нов парк, притоа постојано ги менуваше изјавите, но во последната година од мандатот на Шилегов никој повеќе не знае и не сфаќа – зошто ова место е уште пустејлија, а забавен парк нема никаде освен на пожолтени фотографии.

Првиот забавен парк во Скопје е отворен во 1955 година. Бил лоциран кај ресторанот ,,Езерце” во Градскиот парк и со значително помала површина. Во него имало велосипеди, чамци, стрелиште, лулашки.
Стариот забавен парк, на нова локација бил преселен во 1973 година. Бил со површина од 24.000 метри квадратни, но располагал со уште 22.000 метри квадратни, кои биле од другата страна на Вардар (каде што се наоѓа полигонот за возење).

ПРОЧИТАЈТЕ: Откриен нов коронавирус во Јужноафриканската република

Стариот забавен парк имал 8 реквизити: воз, панорама, ракетодром, голема вртелешка, мал и голем автодром т.н ,,беби кар”.

Во 1985 година бил набавен и туристички воз. Тоа беше оној воз на кој, секоја Нова Година, се возеа деца на плоштадот Македонија.
Имаше и кино, а и стрелиште – кое пред 20 години беше затворено. Како што тогаш рекоа од ,,Паркови и зеленило” – едната причина била безбедноста, а втората скапото одржување.

Околу сопственоста, Луна паркот од 1973 до 1988 година постоеше како парк ,,Младост”. Од 1988 до 1993 го презема ,,Комуналец”, а потоа ,,Паркови”, ќерка-фирма на Град Скопје.

[ЈИЈ]

🚫 Текстот е авторски труд. Забрането е копирање за комерцијални цели без дозвола од авторот. Секое копирање е кражба и ќе подлежи на Законот за авторски права. Дозволено е споделување на социјални мрежи, за некомерцијални цели.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

,,Јоци, те сакам”, блеска под светлата на Груевски и близу Турска Чаршија

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!