Израелците се фалат: Го пробивме „Сигнал” и пресретнавме пораки меѓу банди и дилери

Апликацијата за кореспонденција  ,,Сигнал” која досега беше позната како најбезбедна апликација за размена на пораки и мултимедијална содржина, го изгуби својот примат. Имено, израелската компанија за компјутерска безбедност ,,Селебрит” тврди дека успеала да ја пробие заштитата на ,,Сигнал” и да ги декодира заштитените пораки разменети од членови на банда, дилери на дрога, па дури и демонстранти.
На блогот од ,,Селебрит”, тие објаснија како пронашле клуч за дешифрирање што им овозможува пристап до пораките што ,,Сигнал” ги складира во својата база на податоци. После тоа, тие успеале да влезат во базата на податоци, што пак им овозможило пристап до пораките.,,Селебрит” првично детално го опиша целиот процес на нивниот блог, но во меѓувреме го модифицираа блогот и ги избришаа оние најчувствителните делови.
Не е јасно дали го сториле тоа за да спречат хакери или други компании да го сторат истото или пак ги контактирале од „Сигнал“ и побарале да ја отстранат постапката за да не ги компромитираат нивните корисници.Во секој случај, ако експерти потврдат дека е можно да се пресретнат и читаат пораките испратени преку апликацијата „Сигнал“, тоа може да биде погубно за таа апликација, но и за многу нејзини корисници.Засега, ,,Сигнал” молчи за целиот случај.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ДРУГА ТЕМА:

РЕТРО СКОПЈЕ: Имавме Луна парк со детска смеа, сега пустејлија

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!