Заканата од нова војна на Блискиот исток е реална во преостанатите 12 дена од мандатот на претседателот, Доналд Трамп. Британски ,,Гардијан”, денеска, објави текст со наслов – ,,Трамповиот подарок кон светот? Може да е војна со Иран”. Авторот Даниел Елсберг, повикувајќи се на ,,свиркачи”, реши да алармира за плановите на Трамп.
САД, во изминатите три недели, забрзано распореди тешки бомбардери на Блискиот Исток, по што се зголемија шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да преземе воена акција против Иран и Техеран пред новоизбраниот претседател Џо Бајден да стапи на функција.
Централната команда на САД соопшти дека авионите биле испратени во регионот „за да спречат агресија и да ги осигураат американските партнери и сојузници“.

Како што информираше ,,Израел тајмс” пред еден месец, авионите ,,B-52H Stratofortress” биле видени како летаат кон израелскиот воздушен простор – кон базата – стационар, најверојатно во Катар.
Авионите биле забележани на софтвер за цивилно следење, пред да ги исклучат нивните транспондери, што ги прави невидливи на тие апликации.
Тоа беше трет пат во изминатата година и половина, бомбардерите Б-52, кои се способни да носат нуклеарно оружје и друга моќна муниција, да бидат распоредени во регионот во премолчена закана за Иран.
Бомбардерите биле придружувани од борбени авиони Ф-15 и Ф-16, како и авиони за полнење гориво КЦ-10 и КЦ-135, соопштиле од Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Генерал-потполковник Грег Гијо, командант на 9-то воено воздухопловство на американската војска, рекол дека распоредувањето бомбардери во регионот им овозможува на нивните екипи подобро да се запознаат со областа и да работат подобро со локалните единици.
САД претходно распоредија бомбардери Б-52 во регионот за време на периоди на зголемени тензии. Ова се случи на почетокот на 2020 година откако САД го убија главниот ирански командант Касем Сулејмани во воздушен напад во Ирак. Стратешките летала беа испратени во регионот во мај 2019 година, кога Иран, наводно, нападнал голем број американски сојузници во Персискиот залив и соборил американски шпионски дрон кој летал во близина на неговиот воздушен простор.
Новоизбраниот претседател на САД, Бајден, се очекува да преземе нешто помек, подипломатски пристап од Трамп, кој се повлече од нуклеарниот договор во 2015 година и употреби таканаречена кампања за „максимален притисок“ со тешки економски санкции против Исламскиот Република.
Бајден, кој беше потпретседател на Барак Обама кога беше потпишан договорот од 2015 година, рече дека планира да се врати на договорот како основа за понатамошни преговори со Иран.
(ФОТО: US Air Force, Facebook)
🔴ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
По три години, Ѓорче доби само шипка-базен, но Наумоски вози БМВ Х5
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]