Петре Шилегов, во моментов е надвор на терен и со лопата рине снег долж цела ,,Партизанска”. Кучето Тоби му прави друштво. Пред да почне да рине, со лопатата ги избрка таксистите од пред ,,Сити мол”.
Секако, ова е фикција, но не е фикција дека Шилегов го избриша постот во кој ги информираше скопјани дека Зимската служба била ,,на готовс”.
За волја на вистината и други градоначалници вака информираа за подготвеност на ,,зимска служба” пред мандатот на Шилегов, но не наидуваа на ваков громогласен јавен потсмев. Очигледно е дека актуелниот градоначалник има низок рејтинг кај скопјани, тоа се виде и на парламентарните избори, на кои СДСМ изгуби многу гласови во главниот град. Како и да е, следуваа безброј исмејувачки коментари, по што Шилегов капитулираше во налетот на граѓанскиот револт.

Сепак, фокусот е друг. Постот е избришан, но Шилегов уште должи одговор со кого склучил договор за зимска служба за годинава? Дали со приватна како лани, за колку пари или ќе ги користи возилата на јавното претпријатие ,,Улици и патишта”? Ако не, зошто не. Се чекаат детали како овој човек ги троши буџетските пари.
Дека потроши 240.000 евра за Нова Година за чорапи кои си ги нарече украси, притоа без прослава – знаеме, а и дека го поскапи паркирањето во Скопје за 10 отсто, иако цените не беа чепнати десет години.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
https://joci.mk/2020/12/20/%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%B2%D0%BC%D0%B5-%D0%BB%D1%83%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%B0/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]