Околу 300 граѓани, сопственици на камп-приколки и угостителски објекти на езеро Треска се подготвуваат за бунт против локалната власт и Владата.
Овој граѓански револт доаѓа откако Општина Сарај, минатиот месец, им испрати на сите нив решенија – да ги отстранат приколките од околината на рекреативниот центар во рок од 60 дена, затоа што локалната власт решила од езеро Треска да прави ,,слободна туристичка зона” со хотели и други градежни содржини. За таа цел, градоначалникот Блерим Беџети најави и нов урбанистички план.
Граѓаните немаат намера да отстапат. Напротив, најавуваат силен отпор.

На Треска веќе има багери, испратени од Општината. Веќе е урната дел од инфраструктурата, изградена со самопридонес на сите жители на Скопје. Во езерото и реката може да се видат железа и секакво друго ѓубре.
Езерото и околината изгледаат како да се водела војна во Пакистан, коментираа камперите.

– Ние остануваме тука. Владата нека се вклучи во ова самоволие на локалната власт и нека ги тргне багерите на Општина Сарај, од езерото. Да, има начин да се реши ова. Нека му ги земат ингеренциите на градоначалникот Блерим Беџети. Ние нема да дозволиме, локалната власт да си игра со ова земјиште кое е национализирано своевремено од жители на Глумово и Шишево, како и со езерото – изградено со самопридонес од сите скопјани – рекоа граѓаните кои се засегнати, а кои се организираат за уште поголем отпор кон Беџети и неговите бизнис планови.
Камперите и други жители на Сарај, на кои им е важно езеро Треска да остане на сите скоојани, ги повикуваат сите граѓани на Македонија во одбрана на езерото од Општина Сарај и од како што велат – нелегалното присвојување на земјиштето за приватни бизнис цели.
Петре Шилегов да не се крие од нас!
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, бега од луѓето кои имаат локали и камп-приколки на езеро Треска, а водат војна со градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети кој сака да ги отстрани, се жалат засегнати сопственици.

И жителите на Сарај, кои, секое лето уживаат во убавините на езеро Треска, иако запуштено, го бараат Шилегов пред нив да ги повтори ветувањата од кампања дека езерото повторно ќе блесне и ќе изгради Пречистителна станица за повторно водите на реката и езерото да бидат здрави за капење.
– Ако Шилегов заборави што ветуваше, ние ќе го потсетиме. Нека дојде, нека не се крие од нас – велат граѓаните.
А, што точно вети Шилегов во 2017 кога ветуваше сè и сешто, речиси бајковити розови сценарија, дури напати смешни, а многу малку од тоа исполни на ниво на цел град.
– Новата администрација на градот Скопје, јас како градоначалник, ќе го ставиме во целосна функција, во полн капацитет овој капитален објект. Со јавно приватно партнерство ќе изградиме пречистителна станица, која што ќе ја направи здрава водата, во езерото Треска, тука ќе го префрлиме ноќниот живот и целокупното езерце ќе биде ставено во функција – рече тој во кампања во 2017 година кога му требаа гласови од жителите на Сарај.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]