Човек од Калифорнија кој „се исплашил да си оди дома поради Ковид“, живеел незабележан на аеродромот О’Харе во Чикаго, цели три месеци.
Адитија Удаи Синг (33) бил уапсен пред неколку дена на аеродромот и бил обвинет за живеење и пречекорување на заштитено и ограничено подрачје на аеродромот, но и за кражба на помалку од 500 американски долари, потврдила полицијата во Чикаго.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
Синг се појавил пред суд, а обвинителите соопштиле дека тој пристигнал на О’Харе со лет од Лос Анџелес на 19 октомври. Потоа, се тврди дека живеел сокриен во безбедносната зона на аеродромот до неговото апсење.

Како што се наведува, Синг бил приведен откако му пришле двајца вработени на „Јунајтед ерлајнс“ кои побарале да ја видат неговата идентификација. Тој рекол дека им покажал значка наместо лична карта, која му припаѓала на менаџерот за операции од аеродромот, кој пак бил пријавен за исчезнат кон крајот на октомври.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
Помошникот државен адвокат Кетлин Хагерти изјавила пред судот дека Синг тврдел дека бил „исплашен да си оди дома поради Ковид“ и дека други патници му обезбедиле храна, пишува „Чикаго трибјун“. Значката од вработениот ја нашол на аеродромот.Помошникот јавен бранител, Кортни Смолвуд, пред судот изјавила дека Синг е жител на предградието на Лос Анџелес, Оринџ, живее со цимери и дека нема криминално потекло. Тој имал мастер диплома за болничар, но бил невработен. Останало нејасно зошто патувал кон Чикаго, со која цел.
За кауцијата на Синг се вели дека е одредена на 1.000 американски долари, со услов тој да не влегува повторно на аеродромот О’ Харе. Повторно треба да се врати на судење на 27 јануари.
Аеродромот О’Харе е најпрометниот аеродром во светот за полетувања и слетувања, со број на патници пред пандемијата од 84,6 милиони на годишно ниво.
Аеродромот О’Харе е најпрометниот аеродром во светот за полетувања и слетувања, со број на патници пред пандемијата од 84,6 милиони на годишно ниво.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]