Пишува: 🎬 Јорданка Ивановска – Јоци
Професорот Фрчковски, вчера, во дебатна емисија на ТВ21, изјави 👉: мои поранешни студенти станаа милионери од лажни вести⁉️
Во тој контекст, македонската јавност (додека власта спие во мечкин сон од икс причини), треба конечно да знае што точно се случува во нашата земја.
На наша територија, со лажни профили на Твитер и други социјални мрежи (илјадници и илјадници профили), веќе неколку години, се води ,,специјална војна” во глобални рамки. Таа ,,војна” служи како за лажни вести, така и за оцрнување на политички неистомисленици.
⭕ Кој е организаторот?
Мрежата ја водат познати лица, кои, порано за жал биле – припадници на политичкиот и безбедносно-разузнавачкиот естаблишмент.
Тоа се лица, кои, ако има сеопфатна истрага, ќе се види точно дали и кога регистрирале лажни профили. Притоа, дали е точно дека набавиле програми дадени од странска земја или служби, како помош во оваа ,,мисија”.
Лицата уште регрутираат ,,ученици” за дезинформирање со пласирање на лажни вести лреку својата мрежа од лажни профили.
Дали се свесни луѓето што ја водат државата дека во Македонија се води ,,специјална војна” како за нејзина дестабилизација, така и на сметка на други држави?
⭕ До кога?
Македонските судски и безбедносни органи ќе го толерираат сево ова – разни партиски ,,бот центри”, како и случајот ,,Велес”?
Кога конечно ќе реагираат Основно јавно обвинителство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање…?
Друга работа. Дали некој од нашата политичка гарнитура размислува како новоизбраната американска администрација ќе реагира на фактот дека токму Велес беше посочен како ,,бот центар” низ кои протекоа илјадници лажни информации, а беше и ,,моторот” за поразот на Хилари Клинтон?
Освестете се додека е време! Доцните едно 2-3 години. Сето ова може да ви се урне врз глава еден ден.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
(Аудио бомба) Бунга-бунга на Сејшели: Грујо тоа го сакал жешко…
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]