Апаратите за рециклирање пластика, кои, Општина Центар, од октомври до јануари, рече дека ќе ги постави на 29 локации – не ги распознаваат сите шишиња, а со тоа граѓаните се оштетени, се жалат жители на Центар. Велат, платиле картичка која чини 360 денари, а и собирале шишиња со месеци. Деновиве, кога отишле со полни ќеси и едно по едно шише ставале во машината – буквално се изнамачиле. Апаратот, речиси 90 отсто од оние кои ги собрале за рециклирање – им ги вратил назад.
Сето ова го раскажа граѓанката В.С. од Градски ѕид – Центар, која на својот ФБ профил алармираше дека ,,вендинг апаратите” на ,,Паркинзи на Општина Центар” (ПОЦ) за пластична амбалажа – не работат како што треба.

Наспроти револтот на центарци околу овој проект, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, цела година пред да ги постави, се фалеше како секој центарец ќе добивал максимално 1.000 денари месечно на картичка, по основ на рециклирање – пари кои ќе може да се користат за пазарење во маркети, продавници, за плаќање во кафулиња и кафеани, како и за паркинг услуги на ПОЦ. Очигледно е дека центарци нема да видат ништо од ветувањата, единствено нервози.
– Се затрупавме дома со пластична амбалажа (над 100 шишиња) и доживеавме – тонч. Пред сè, картичката ја плативме 360 денари и ја чекавме да ни ја издадат малку подолго од вообичаеното. Но, нејсе.
Проблемот е што машината не ги распознава шишињата. Освен одредени пивски шишиња и вода од една фирма, сè друго – јок.
Што е поентата на овие апарати, не ми е воопшто јасно!? Сум ја поминала Европа и знам како функционираат – имаш привилегии со картичката во маркети или добиваш кеш на крај на годината. Надвор од Македонија сум давала на луѓе кои ревиклираат, бидејќи секако не сум била граѓанка на таа земја. Кај нас, ем сум граѓанин со свест, ем сè е целосна зафрканција – напиша таа.
Граѓаните од рециклирање, како што информираа од Центар околу овој проект, предвидено е да добиваат од 0,5 до 1,5 денари за рециклирано шише на платежната картичка „Грин пеј кард“. За таа цел беа издвоени 200.000 евра од Буџет, а првите девет машини беа платени 100.000 евра.
Граѓанката В.С, меѓудругото го запраша јавно Богдановиќ што да им прави сега на пластичните шишиња кои ги вратила дома, кога веќе не може да добие поврат-услуги по маркети, кафулиња и друго за истите, бидејќи машините му се целосно неупотребливи. И секако што да и прави и на картичката, која ја чинела 360 денари.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]