Амбарот на Петре со сено среде плоштад Македонија

Кога нешто не се одржува совесно, не се гледа со љубов и посветеност, тогаш за кратко време е уништено. Токму тоа му се случи на тревникот на плоштад Македонија, поточно пред ГТЦ, со кој градоначалникот Петре Шилегов, лани, се фалеше наголемо, сетиќи мислиш изградил њујоршки ,,Централ парк”. Буквално полјаната е исушена, иако беше кажано дека станува збор за вештачка трева. Плоштадот личи на едно големо ништо.

Едноставно кажано, местото кое Шилегов го викаше ,,тревник” е сторен – амбар за сено. Фалат уште овци да попасат, понекоја крава, а може и некој залутан коњ. Некој да види аир од сеното.

Туку, годинава да не се распише тендер за нова трева?

(Фото: Совесни граѓани на Скопје)

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ДРУГА ТЕМА:

https://joci.mk/2021/01/29/%D0%B4-%D1%80-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-ge-132-natural-%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!