(ВИДЕО) Аеродром под окупација од стаорци – дали Марин уште е градоначалник?

Во Аеродром, глувци и стаорци, се шетаат како на корзо, градоначалникот Златко Марин изгледа нема време да решава елементарни проблеми како дератизација. Размножени се и ги има насекаде, се жалат граѓани.

Со големина колку мачки, може да се види како стаорци секојдневно претрчуваат по улици, тротоари, паркови, во станбени згради низ општината Аеродром. Марјан Ненов, жител, го сними видеото на кое се гледа стаорец како влегува во дуќан.

Луѓето од Аеродром сериозно се загрижени поради оваа масовна појава, пред сè поради зарази кои ги шират глодарите, влегувајќи во нивните домови и во маркети, во потрага по залихи за храна.

– Излегуваат и од шахти, ги има насекаде. Ова е нешто невидено! Ова се новите ,,миленици” на Марин! – велат загрижено граѓани.
Меѓудругото велат дека по населбите има масовно труење на мачки и кучиња со расфрлан отров. Се сомневаат дека некој на овој начин сакал да ги уништи глодарите, но успеал само да ги убие животните од кои глувците бегаат. И така некако проблемот го зголемил двојно.

Зарази од овие штетници се шират преку бактерии кои ги оставаат зад себе. Преку допир со нивниот измет, болви кои се паразити на стаорците и потоа може да прејдат на човек и да го каснат, преку каснување на домашно или друго животно…

Аеродромци го повикуваат на одговорност градоначалникот Златко Марин. Прашуваат дали тој воопшто ги дератизирал населбите годинава со јамки во шахти? Дали знае дека општината му е под окупација од стаорци кои влегуваат насекаде каде има храна?
Прашуваат каде е овој човек кој не решава елементарни прашања како дератизација!? Дали е уште градоначалник, со оглед дека воопшто го нема во јавност, а му истекува четврта година од мандат.

Кратко инфо за глодарите и зарази

Стаорците и глувците често живеат на места блиску до човековите населби, или во домовите на луѓето кои всушност изобилуваат со храна. Штетата која понекогаш ја прават на човековите залихи на храна се примарна причина за именување на стаорците како штетници и дава повод за бројни дератизации.
Домашниот глушец е штетник кој може да гризе дрво, пластика, гипс картон, кабли…не им треба голем простор за да дојде до нечија храна која потоа ја контаминираат и така некако пренесуваат болести, зарази и бактерии. Што само по себе е ризик по здравјето за секој човек, кој не е свесен дека глодар претурал по неговите домашни залихи со храна.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

https://joci.mk/2021/02/07/%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B5-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!