На Димитар Апасиев, кој два дена ја тормози јавноста со лични проблеми од типот како Пајак му го кренал возилото, затоа што бил непрописно паркиран во Аеродром, а притоа читавме ,,празна слама” за ,,урбани мафии” – дознавме дека револтирани соседи се тие кои ја повикале службата да го научи на ред. Пратеник е, а се паркира непрописно!? А, бара ред во државата, а тој ред да не важи за него! Интересно. А, човеков е опозиција. Замислете што сè ќе бара бесплатно за него, ако му се даде власт!?

Проблемот денеска е решен – Апасиев не мора да плаче како цел Универзум е свртен против него. Едноставно, соседите не го сакаат кога им се паркира пред врата, непрописно. Веројатно треба да ја придобие нивната љубов, а не да го обвинува Пајакот. А, очигледно не само што не ја придобил милоста на соседите, туку уште не научил дека не треба да се паркира пред туѓи влезови. Тоа се непишани правила.
И нас кога ќе нè крене Пајак – плаќаме.
Кој сака бесплатен паркинг, истиот го купува со станот. Така е во цело Скопје, наназад 20 години и тоа му го кажал инвеститорот. Кој не сака да купи паркинг место – нека плаќа годишна карта или нека живее на село и нека се паркира во широко поле.

Туку, до кога Апасиев ќе тормози со негови приватни анимозитети, место да работи за народен интерес како пратеник?
Не, сериозно, до кога овој ќе се замислува центар околу кој се врти цела Македонија? Зема 1.500 евра плата, плус 150.000 евра народен кеш од Буџет. Па, купи си, човеку – паркинг! Да не треба да те толерираат соседи до недоглед?
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
https://joci.mk/2021/02/09/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BB-%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]