Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.

Во соопштението, велат, Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса.
– Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. ,,Градски паркинг” постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот – информираа надлежните.
За службите на Град Скопје, потенцираат, законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.
Град Скопје сака да верува дека заложбата на пратеникот за почитување на законите не е само декларативна и дека истиот мисли дека законите важат за сите, па и за пратениците.
Пред два дена, Димитар Апасиев, имаше ФБ статус за кревање возила од Пајак службата. Но, тој не кажа дека негово возило било паркирано непрописно, туку обвини дека ,,Пајак” службата работела во спрега со урбаната мафија и дека така некако принудувале станари во Аеродром да купуваат паркинг место од инвеститори. Тој смета дека му следува паркинг место!? Пред некој месец се бунеше и околу паркинг местата околу Собрание. Очигледно е дека пратеникот, кој се фалеше дека вози велосипед, всушност ја користи колата и има проблем со паркирање, нешто кое е секојдневие во градот 20 години, а тој тоа сега го сфаќа и му стана и опсесија.
Апасиев, притоа, не кажа ни дали платил годишна карта за зонско, како сите жители во општината или сепак му е навика да се паркира по улици или по тротоари, како неговата сопартијка, Драгана Велковска. Која, пред некој месец, беше паркирана на тротоар во Центар, а откако беше ,,фатена” се караше потоа со инспектори и ги снимаше.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
https://joci.mk/2020/12/13/%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%B5%D0%B2-%D1%81%D0%B5-%D0%B1%D1%83%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%BE%D0%B1/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]