Москва се подготвува за снежна апокалипса

Москва од денеска започна да се подготвува за рекордни врнежи од снег претстојниот викенд, а експертите предупредуваат и на доаѓање на силен ветер.

„Тоа е вистинска снежна бура, Армагедон, снежна апокалипса“, рече метеорологот на приватната станица Фобос, Евгениј Тишовец, пренесува руската новинска агенција ,,Риа Новости”.

Тој додал дека обилниот снег ќе започне да паѓа рано во петок и ќе продолжи во следните 36 часа. Предвидува и дека ветровите може да дуваат со брзина од 15 до 20 метри во секунда, а температурата да се спушти до минус 15 степени Целзиусови.

Портпаролот на руската метеоролошка служба, Марина Макарова, информирала дека тоа ќе биде продолжение на студениот бран што ја погодил Западна Европа. Очекува за време на викендот да наврнат 40 сантиметри снег во Москва.

Москва веќе е покриена со близу 35 сантиметри снег, а со нови наслаги, нејзината дебелина може да биде поголема од рекордните 77 сантиметри од март 2013 година.

Заменик-градоначалникот на Москва, Пјотр Бириуков, објавил дека 13.500 плугови и 60.000 градски работници ќе бидат распоредени пред невремето.

Минатата зима во Москва беше исклучително блага со многу малку снег.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

https://joci.mk/2021/02/09/%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BA/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!