По вчерашната објава на текстот ,,Дали во вторникот ,,Градски паркинг” ослободил ,,смарт” возило со ургенции, без наплата?“, директорот на претпријатието Борче Јакимовски денеска се јави со објаснување со цел транспарентно информирање на јавноста.
Беше дециден дека нè ги видел смс пораките испратени до него 48 часа пред објавување на текстот, затоа што, како што објасни – имал проблем со мобилниот телефон и пин кодот. Кога конечно го вклучил телефонот, пораките ги немало.

Во однос на случајот во вторникот, кога очевидци сведочеа дека ,,смарт” возило било ослободено од депото на Пајак службата, без сопственикот да плати, тој приложи документи дека сопственикот – платил.
– Станува збор за фирма која плати преку фактура – посочи Јакимовски.
Од документи, тој на јавноста и` приложи излезна фактура од 9.2.2021 (без печат), како и банкарски извод на трансакција од 2.500 денари, но со денешен датум.
Трансакцијата, како што може да се види е по објавување на текстот.

🔴 ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ОВОЈ СЛУЧАЈ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:
https://joci.mk/2021/02/11/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BE%D1%81/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]