Петре рекол ,,Ленинова” била култна! А, што, Борис Трајковски не е култен!?

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска рекол дека старото име на ,,Ленинова” немало да го враќа во чест на Владимир Илич-Ленин, туку затоа што била култна⁉️ Отсекогаш знаел како да срочи пресмешна изјава каде логиката е некаде на дното од канта за ѓубре.

,,Првомајска” во предлог-листата на Град Скопје е опишана како ,,поранешна улица вградена во колективната меморија”

Туку, во негов дух да се расфрла со петпарачки изјави на сериозни теми, баш ме интересира како ќе го враќа старото име ,,,Првомајска” на булеварот ,,Борис Трајковски” и ќе му објасни на народот дека покојниот претседател Борис Трајковски, ете – не е култен!

Булеварот, во должина од околу пет километри се наоѓа во југоисточниот дел од Скопје. Почнува во Кисела Вода, а завршува во Драчево. Беше реконструиран во три фази. Првата фаза ја изведе Ристо Пенов, а другите две – Коце Трајановски. Четвртата фаза, проширување и обнова од Пинтија до Драчево, беше предизборно ветување на Шилегов, кое, тој не го исполни.

🔴 НА ИСТАТА ТЕМА, ПОВЕЌЕ:

Драчево нема да гласа за Шилегов – не го доизгради булеварот од Пинтија до населба

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!