Полициски единици го бараат Сашо Мијалков во хотел ,,Мериот”, откако не е пронајден во својот дом на барање на обвинител, објави ,,Фокус” вечерва, повикувајќи се на свои извори.
Полиција била распоредена пред неговиот дом, откако му бил одреден куќен притвор од Јавно обвинителство, по најавите за можно бегство по објавата за 13 години затвор за ,,Таргет-Тврдина”. Шпекулациите за бегство се ширеа во јавноста и на социјални мрежи, со цел да не се повтори сценариото на Никола Груевски и бегството во Унгарија како ,,политички азилант”.
Нема подетални информации дали Мијалков е лоциран во меѓувреме и дали МВР ќе распише потерница.
🔴 Линк до текстот на ,,Фокус”:
Мијалков не е во домот на Водно, полицијата го бара и во Мериот