Водителката на култната емисија ,,Балканска улица”, Весна Дедиќ, за српски ,,Блиц” раскажа непријатно искуство со исклучително непристојно однесување на нашата пејачка, Калиопи Букле. Однесувањето на Калиопи било дотолку дрско, понижувачко за водителката, да таа вели дека никогаш нема да ја викне во емисија.
Без да наведе година, Дедиќ, раскажа дека нејзин менаџер се јавил и закажал настап на пејачката во ,,Балканска улица”, што таа го примила со воодушевување. За Калиопи во тоа време имала високо мислење, како за неа, така и за она коешто го работи.
Интервјуто било закажано во 14 часот, цел тим ја чекал Калиопи. Доцнела половина час, па продуцентите ја контактирале, на што таа рекла дека пристигнала во градот. Но, немала намера да дојде веднаш, изразила желба да оди во хотел да се подготви, а екипата за тоа време да ја чека.

Дедиќ тоа го сметала за непрофесионално однесување, едноставно ѝ прекипело што некој го малтретира нејзиниот тим. Сметала дека Калиопи е доволно големо име да се појави со малку маскара, пудра, без непотребни драми.
Ја повикала и ѝ рекла: „Слушајте Калиопи, тука има сниматели, сниматели, тонци, светло мајстори кои имаат свое работно време и кои работат за плата. Ова интервју ви значи многу во вашата кариера. Да дадете интервју на „РТС“ во „Балканска улица“ еден час, тоа треба да ви биде чест. Не дозволувам никој да го малтретира мојот тим поради нечија шминка”.
На ова Калиопи се налутила и според Дедиќ се заканила дека ќе се јави на тогашниот директор да му каже да ја отпушти од работа.
– Јас реков, слободно јави се – потенцира Дедиќ во написот на ,,Блиц”.
Снимање немало, Калиопи не се појавила, Дедиќ не ја чекала. Тоа водителката, вели, никогаш нема да го заборави.
(ФОТО: Весна Дедиќ – Фејсбук, Калиопи – Инстаграм)
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Шилегов ,,гради” на хартија – нема Луна парк, тунел, мостови, бусови на шини
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]