МНР вели невистина е дека наши сограѓани во дијаспората немаат нови пасоши

Министерството за надворешни работи се јави со писание, кое го крстиле ,,демант” во врска со текстот – „Илјада наши државјани во странство се без пасоши, МНР е глуво за нив“ објавен на интернет порталот www.joci.mk.
МНР, како што велат ,,во целост ги отфрла несоодветно изнесените информации во текстот”.
Наши сограѓани во дијаспората сè уште немаат пасоши низ цел свет, потпишуваат петиции, мака мачат со месеци да ги добијат, имаат проблем со персоналот по амбасади, чекаат со месеци, има и официјални дописи, но за тоа ќе информирам во друг текст.
,,Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година во голема мера се реализираше Акциониот план на Владата на Република Северна Македонија за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во: Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим (вклучително и Малта), Венеција, Виена, Љубљана и Загреб.
Согласно Акциониот план, до 31 декември 2020 година, вкупно 7.360 лица пријавиле интерес за добивање на пасош (234 лица преку ДКП-та во САД, 98 лица преку ДКП-то во Канада, 152 лица преку ДКП-та во Австралија и 6.876 лица преку ДКП-та во европските земји), од кои досега барање поднеле 5.899 лицa, а 5.769 пасоши ги добиле своите патни исправи.
Единствено, Акциониот план за 2020 година не можеше да се реализира во Нов Зеланд заради воведените мерки од страна на Нов Зеланд, карантин од 14 дена „државен карантин“ и исполнетост на нивните капацитети до март 2021 година. Затоа, како преодно решение до нормализирање на состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19, односно олабавување на мерките од страна на Нов Зеланд, Министерството за надворешни работи предложи до Министерството за внатрешни работи, како надлежна институција, да отпочне итна постапка за измена на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, за продолжување на роковите на пасошите заклучно со 31.12.2021 година.
Исто така, информираме и дека Акциониот план за 2021 година веќе е отпочнат со реализација и се одвива непречено”.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
Мој одговор на МНР на кој нема нивен одговор:

,,Почитувани,

Ќе биде објавен демантот, иако не е јасно што демантирате.
Демант подразбира невистина, а сами велите дека тој ,,Акционен план” не ви е исполнет докрај во некои земји, цела 2020.
Односно дека допрва ќе продолжувате преку МВР лични исправи на наши државјани до 12.2021.
Ако добро ве разбрав.
Секако ќе земам изјави од наши сограѓани во странство околу вашите тврдења.
Со почит.”
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!