Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, а актуелен секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, вечерва за ТВ24 потврдил дека летува во Мексико и додал колку било евтино.
-Проверете на ’Букинг‘. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра – рекол тој.
Во исто време, пак, вицепремиерот Љупчо Николовски, се одмора и се шета во Дубаи со сопругата и пријатели.
Ова луксузирање, разуздано однесување и неетичност на владини функционери, доаѓа по избивањето на аферата со софтверот од 80.000 евра кое оди на конто на Рашковски, а и откако Орце Камчев доби лисици на рацете.
Доаѓа во време на полициски час, граѓани затворени во карантин како сардини во конзерва, вакцини кои ги нема, илјадници болни и починати од Ковид-19 во Македонија.
Наспроти тврдењата на Рашковски дека летувал преку океан по цени како да е во Отешево во Преспа, агенцијата ,,Нетпрес”, пак, според непотврдени информации, објави дека Рашковски е сместен во елитното мексиканско одморалиште Канкун во ,,Хард рок” хотел, каде аранжман чини 17.000 евра, а 5.000 евра се авионските карти.
Порталот А1ОН, притоа, информираше дека контото на Рашковски се зголемило за 50.000 евра, откако му престанала претходната функција.

Како и да е – летувалиштето Канкун во Мексико, познато по луксуз особено на големите холивудски ѕвезди, е близу фамозната држава Белизе, која пак е славна кај нас по ,,оф-шор” сметките на наши бивши политичари и бизнисмени за кои се водат судски процеси за корупција и ,,перење пари”.
Канкун од Белизе е оддалечено околу 500 километри или еден час со авион.
Прашањето е – дали Рашковски наминал до Белизе? Ако да, зошто? И како е таму ако биде љубезен да ни раскаже?
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]