По повод сведочењето на Јордан (Орце) Камчев, вчера, во процесот ,,Меѓународен сојуз” дека не ја познава Фросина Ременски, се огласи и самата на социјалните мрежи.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
,,Иако скоро сите присутни во судницата вчера ги слушнаа двата јасни искази од сведокот Јордан Камчев дека, ,,г-ѓата Фросина Ременски ниту ја познавам, ниту сум ја видел”, сакам да кажам зошто овој исказ за мене е важен:
▪Овој исказ се совпаѓа со сето тоа што повеќе од година и пол го зборувам јавно, а тоа е дека ,,Ниту јас, ниту мојот сопруг, ниту членови на моето семејство го познаваме семејството Камчеви” и дека – ,,Не сме биле во некаква комуникација”.
▪Овој исказ ги негира сите претходни манипулации кои во континуитет, свесно и за пропагандни цели повеќе од две години се плетеа околу моето име и името на мојот сопруг за некаква наша вмешаност во случајот ,,Рекет”, Катица и Камчеви.
▪Овој исказ од вчера е спротивен на сите навивачки и обвинувачки тези кои беа изнесени во деновите на моја жалост дека, Камчев е приведен за да не сведочи во ,,Меѓународен сојуз” и дека мојот сопруг Јовче Ременски напишал и наредил негово приведување и притворање. Комплетна лага и тенденциозна невистина.
▪Не дадов изјава за новинарите вчера за трите точки, зошто знам дека сите присутни вчера го сфатија кажаното.
Не сакав да изјавам ништо, не затоа што немав што да кажам за сведочењето на Агапи Дика што не оди во прилог на тезите на јавното обвинителство, напротив. Не сакав да бидам дел од продолжување на темата и манипулациите кои би се плетеле околу мојот сопруг, некакви службени белешки, АНБ и слично во контект на Камчев. За тоа има одговорен директор на АНБ кој е овластен да дава изјави за работата и за сè што е поврзано со тоа. Има и други институции кои треба да дадат одговори.
■Таму е и Горан Николовски (Џони), можеби тој има повеќе службени информации и ,,лојалност” кон Камчев, нека си го прашаат по адвокатска линија.
▪Сум немала и немам причина ниту да го сакам, ниту да го мразам Камчев. Вчера видов дека сите манипулации околу неговото приведување ,,на штета на Ременски” не успеале да го наведат да сведочи лажно❗
Овој исказ не беше главна поента во сите медиумски известување од вчера. Некаде скоро и да го нема во целината на кажаното од Камчев, но како и да е, убедена сум дека полека но сигурно, сите злонамерни фами ќе се разбијат.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]