(ВИДЕО) По земјотресот од 7,2 степени, Јапонија живее во страв од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди брегот на префектурата Мијаги, а Јапонија издаде предупредување за цунами.

Земјотресот се почувствувал и во Токио, кој е 400 километри оддалечен од епицентарот, а јавноста е предупредена да не приоѓа до брегот поради опасноста од цунами.

Во медиумите се наведува дека висината на бранот би можела да достигне еден метар.
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри источно од Ишиномаки на длабочина од 60 километри. Тоа е област покрај брегот на префектурата Мијаги, на североисток, која беше сериозно оштетена во земјотресот и цунамито во 2011 година.

https://twitter.com/nhk_news/status/1373237357760090116?s=20

Земјотресот се случи нешто повеќе од една недела, по 10-годишнината од огромниот земјотрес и цунами во 2011 година што ја уништи префектурата Фукушима, исто така на северо-исток, и доведе до нуклеарно пропаѓање. Во моментов, исклучено е напојувањето во некои делови на Мијаги, северно од Фукушима, соопшти јапонскиот медиум НХК.

Електричната компанија ,,Токио”, која ги одржува погоните во Фукушима, објави на Твитер дека проверува дали има штета таму. Друга компанија, ,,Тохоку Електрик”, го проверува статусот на нуклеарна централа на брегот на Мијаги. Привремено се сопрени услугите на дел од брзиот железнички систем на североистокот на земјата.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Ова ќе бидат условите за преминување на граници за летување

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!