Дали ќе ја почувствуваме блокадата на Суецкиот канал и на нашите паричници?

Еден од најважните комерцијални пловни рути во светот, Суецкиот канал, е блокиран од бродот со контејнери „Ever given“.
Над 200 пловни објекти се заглавени и може да останат таму со недели.

Но, дури и пред да се заглави „Евер Гивен“ на почетокот од оваа недела во Суецкиот канал, глобалните ланци за снабдување беа на работ на опстанок, а долготрајната блокада на клучната рута може да ја влоши ситуацијата.
Одложувањата во испораките или пренасочувањата на подолгите рути ќе го зголемат притисокот врз компаниите кои веќе се соочуваат со недостиг на контејнери, пристаништен метеж и ограничувања на капацитетот.

Поради ситуацијата во Суецкиот канал, бројните испораки од Азија во Европа и Северна Америка се одложени. Од вчера околу 237 бродови, вклучително и танкери за нафта и десетици бродови со контејнери, чекаа транзит преку каналот кој управува со околу 12 проценти од светската трговија.
Повеќе од 80 проценти од вкупната светска трговија се транспортира по морски пат, а нарушувањата создаваат милијарди долари трошоци на синџирите за снабдување.

На глобално ниво, просечните трошоци пораснаа од 1.040 до 4.570 долари од минатиот јуни до 1 март годинава. Како резулта на блокадата, трошоците се акумулираат, а во февруари, трошоците за испорака на контејнери за увоз во САД беа 5,2 милијарди долари, во споредба со 2 милијарди долари во истиот период минатата година.

Овие трошоци наскоро би можеле да значат повисоки цени за потрошувачите, додавајќи притисок на зголемената инфлација, сценарио за кошмар на Вол Стрит, каде веќе се стравува од скок на цената. Сето ова, може да влијае на федералните резерви во САД – да се зголемат каматните стапки порано од очекуваното.

Влијание на коронавирусот

Коронавирусот значително влијаеше на глобалните ланци на снабдување минатата година, бидејќи блокадите привремено ги затворија фабриките и го нарушија нормалниот проток на трговијата. Економската активност драматично забави на почетокот на пандемијата, а брзото закрепнување на обемот на трговијата што следеше ги фати компаниите неподготвени.

Зголемувањето на производството и навидум незаситната побарувачка на стоки како што се телевизори, мебел и велосипеди им отежнуваа на снабдувачите да прават деловни активности.

Производителите исто така се бореа да обезбедат клучни компоненти за производство
Водечките производители на автомобили, вклучувајќи ги Форд и Фолксваген, беа принудени да остават погони во мирување поради недостаток на чипови, предизвикани од големата побарувачка за паметни телефони, системи за игри и други технолошки уреди.

Увозот на САД по морски пат, во февруари, бил скоро 30 проценти поголем од истиот месец лани. И 20 проценти поголем од февруари 2019 година, според официјалните податоци
Зголемениот увоз во САД и другите делови на светот доведе до недостаток на контејнери ширум светот. Фабриките што ги произведуваат се претежно во Кина, а многу од нив беа затворени на почетокот на пандемијата.

Кинескиот извоз се опорави прилично брзо во споредба со остатокот од светот. Во исто време, големите бродски линии откажаа десетици патувања како одговор на претходното затишје во трговијата.

Една од најголемите светски линии за испорака на контејнери, Хапаг-Лојд, постави околу 52 дополнителни брода само за да премести стотици илјади празни контејнери таму каде што се најпотребни.

Компаниите досега многу малку зборуваа за тоа како планираат да одговорат на зголемувањето на цените, но има индикации дека увозните цени ќе растат.

🔴 ВИКЕНД ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО СРБИЈА ПРОДОЛЖУВА И УТРЕ:

(ВИДЕО) Вакцинираните се враќаат дома – се чека половина час на ,,Табановце” за влез

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!