Навални тврди дека е мачен во затворот, адвокатката стравува за неговиот живот

Рускиот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, тврди дека управителите во затворот – го мачат, не дозволувајќи му да спие, па затоа се пожалил до управата на затворот.

„Чуварите не ми дозволуваат да спијам, тоа е ,де факто’ форма на тортура“, напиша Навални во писмото, додавајќи дека чуварите го будат осум пати во текот на ноќта. Тој бара медицинска нега.

Неговите приврзаници предупредуваат дека неговото здравје од ден на ден се влошува.

Адвокат: Се плашам за неговиот живот

Неговата адвокатка, Олга Михајлова, рече дека Навални страдал од силна болка во грбот и десната нога и стравува за неговиот живот. Таа потврди дека има направено магнетна резонанца во јавна болница, но дека сè уште не му е ништо дијагностицирано. Навални, во моментов прима само антиинфламаторни лекови и креми, според адвокатот Михајлова.
Да потсетиме, Навални беше уапсен во јануари годинава кога се врати во Москва по петмесечно лекување во Германија од труење, а за кое беше обвинет Кремљ. Против него се поднесени неколку обвиненија, кои, тој ги смета за политички мотивирани.

Во февруари, тој беше осуден на две и пол години затвор за измама во 2014 година, по што беше однесен во казнено-поправниот дом во Покров, на 100 километри од Москва. Неговото апсење предизвика големи протести низ целата земја, на што властите одговорија со повеќе од 11.000 апсења.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Ова ќе бидат условите за преминување на граници за летување

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!