Коце му враќа на Шилегов: Не знаеш да се грижиш за плоштадот, го чистиш со тешки возила!

Откако утринава на плоштад Македонија пропадна ,,метларка” на ,,Комунална хигиена” и го оштети плочникот, на обвинувањата на Град Скопје дека за тоа е виновна претходната власт, на својот ФБ профил, се огласи екс градоначалникот Коце Трајановски – во чие време беше изведена фонтаната, плоштадот и придружните елементи.

ФОТО: МКД.МК

Трајановски вели дека не сакал да коментира, но кога прочитал дека Шилегов и администрацијата кажуваат дека линиската фонтана била неквалитетно направена, решил да му одговори на актуелниот градоначалник.

– Фонтаната е квалитетно направена и ги има сите одобренија од надзорните органи. Се обидуваш да ја префрлиш вината на друг. Никаде во светот по линиски фонтани не се движат тешки возила. Околу линиската фонтана имаше поставено гранитни топки кои укажуваа и оневозможуваа да се движат тешки возила. Нив ги ставивме откако пропадна возило на ЈП “Улици и патишта” – посочува Трајановски.

Додава дека тие гранитни топки ги тргнал Шилегов кога Папата го посетил Скопје и сега ги нема околу фонтаната. Го прашува Шилегов каде се ,,метларките” наменети за чистење, кои биле со помала тежина.

– За чистење на фонтаната набавивме две електрични метларки кои поради малата тежина без проблем се движеа и ја чистеа и линиската фонтана. Каде се сега тие метларки, зошто не ги користите? Оваа фонтана неколку години се чистеше и функционираше без проблем, очигледно дека сега грешката е човечка и организациска. Оваа ,метларка’ која денеска пропадна во фонтаната е премногу тешка за да се движи над линиската фонтана, требало да прашате во службите, тие знаат – посочува екс градоначалникот.

Обвинува и дека ја нема или драстично е намалена и чуварската служба која се грижела за сите плоштади.

– Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше – заклучува Трајановски, додавајќи дека се надева дека на Шилегов нема да му биде повод да ја тргне фонтаната, напротив да ја оддржува според протоколот кој го знаат службите.

🔴 ДЕНЕШНА ВЕСТ:

Синот на Жерновски со ,,мерцедес” се забил во кафеана близу Влада

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!