(ФОТО) Протест ,,27 април”: Околу 15.000 граѓани побааа слобода за 16 лица, ново Собрание и избори

Слобода за ,,уставобранителите” кои се осудени за ,,27 април”, распуштање на Собранието, како и предвремени парламентарни избори заедно со локалните, побараа организаторите на ,,Семакедонскиот протест” кој денеска започна пред Владата, а заврши пред Собранието на Македонија, каде две толпи граѓани се споија. Според слободна проценка, присуствуваа околу 15.000 граѓани.

Како организатори се јавија македонски здруженија од дијаспората, а протестот беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Мирниот протест, на кој декор беа патриотски песни и извици ,,Никогаш Северна”, се оддржа спроти годишнината од одбележувањето на ,,Крвавиот 27 април“, кога во 2017 година, толпа народ влезе во Собранието. Дел од демонстрантите, потоа беа осудени, а некои амнестирани, затоа што учествуваа во тепање на пратеници од СДСМ, но и од албанските партии и обид за нивна егзекуција. Оние лица кои беа прогласени за организатори, вкупно 16, беа осудени од 12 до 15 години за терористичко здружување.

– Тие не се терористи, тие се родољуби – рече актерката Арна Шијак, која говореше на бина.

Таа посочи дека оваа борба не е само за ослободување на ,,уставобранителите”, туку и за правда, слобода, за татковината, за победа и против антимакедонските елементи.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!