Најмалку 45 лица загинаа во четвртокот вечерта во Израел, во стампедо на масовна религиозната церемонија на палење оган на планината Мерон, потврдено е официјално од властите, а објавија денеска израелските медиуми.
Повеќе од 100.000 луѓе присуствуваа на годишниот собир во северна Галилеја, на кој се славеше празникот Лаг Баомер, а кој вклучува посети на гробиштата на мудрецот од вториот век, рабинот Шимон Бар Јохаи.
Најмалку четворица од мртвите се Американци
Списокот ќе продолжи да се ажурира, бидејќи не се идентификувани сите жртви. До денес се идентификувани 32 жртви, соопшти Институтот за судска медицина. Од нив, 22 загинати беа погребани вчера, а по наредба на главниот рабин на Израел, останатите ќе бидат погребани дури по празникот Шабат.
Најмалку четворица од починатите се американски државјани, соопшти Министерството за надворешни работи на Израел. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека амбасадата на САД и Стејт департментот ќе им ја пружат целата неопходна поддршка на нивните семејства.
По стампедото, додека семејствата очајно се обидуваа да ги пронајдат роднините кои се водеа како исчезнати, портпаролот на групата за итни случаи изјави дека мобилните телефони на починатите ѕвонеле постојано, а на екраните се гледале повици од нивните најблиски, кои биле избезумени.
„Телефоните на мртвите не престануваа да ѕвонат и гледавме повици од ,,мама” или ,,мојата драга сопруга”, изјави Моти Бокчин за Армиското радио.
Мрежата на мобилни телефони во околината, во најдобри времиња не е силна, а ,,падна” целосно како последица на стампедото, оставајќи ги загрижените членови на семејството без контакт со најблиските. Ситуацијата беше дополнително комплицирана од фактот дека многу од ултра-православните учесници на настанот немаа мобилни телефони или имаа уреди кои не беа во можност да испраќаат текстуални пораки или да се поврзат на Интернет.
Некои загрижени членови на семејствата на социјалните мрежи објавуваа фотографии, очајно обидувајќи се да ги пронајдат исчезнатите.
https://twitter.com/Atlantide4world/status/1387921794045292555?s=20
Бокчин очекуваше сите жртви да бидат идентификувани и погребани пред зајдисонце на еврејската сабота во петокот вечерта.
Покрај 45 лица кои се мртви, над 100 лица беа повредени. Многумина се во критична состојба. Меѓу повредените и мртвите има и деца, објави Армиското радио. Многу семејства присуствуваа на собирот, во чии рамки 3-годишни момчиња ги добиваат своите први фризури на настанот.
Катастрофата се чинеше дека е една од најлошите мировни трагедии во историјата на Израел, изедначувајќи го бројот на жртвите од пожарот во шумата Маунт Кармел во 2010 година. Загрижените роднини се собираа во околните болници. Неколку од болниците отворија телефонски линии за луѓето да ги побараат семејствата или пријателите.
Како се случи трагедијата
Како што густите толпи почнале да излегуваат, некои очигледно се лизнале на патеката и по скалите, паѓајќи врз оние што биле подолу и со тоа беше предизвикано стампедо и фатално дробење. Околу 20.000 луѓе се движеле по тесната патека помеѓу два ѕида.
На теренот имало мазен метален под, што предизвикал некои луѓе да паднат додека брзале кон излезот.
На сликите од местото на настанот потоа се гледале тела покриени со ќебиња и торби, како и лични работи и обувки на оние кои биле загинати.
Our thoughts and prayers for the victims and their loved ones of the tragic stampede incident at a religious festival in northern #Israel.
According to the Israeli rescue service 44 lives have been lost while dozens are injured. #MountMeronpic.twitter.com/ESLruMgrEK— Ahmadiyya Calgary (@IslamCalgary) April 30, 2021
Од спасувачката служба рекле дека се обидувале да ги лоцираат луѓето за кои се верувало дека недостасуваат.
„Имаше повеќе од 30 деца, чии мајки и татковци не одговараа на телефон. Никогаш не сум видел вакво нешто. Не знаеме точно што се случи, но резултатот е незамислив “, додале од службата Зака, која има долга историја на справување со трагедии, вклучувајќи собирање делови од тело од самоубиствени бомбашки напади.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]