(ВИДЕО) Галичник гори, АРМ гаси, канадерите на Стојанче каде се?

Мијачкото село Галичник во Западна Македонија е зафатено од голем пожар, а огнот се шири кон куќите. Гори боровата шума, 200 метри над хотелот ,,Неда”. Причините за уште не се познати. Армијата веќе дејствува со хеликотер од ведро небо за гаснење пожар.

Теренот е непристапен. За избувнувањето на пожарот е добиена информација денеска околу 13.30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму информираа дека ќе обезбедат координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.
– Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, се додава во соопштението.

Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!